Текстови

ЧЕКОРЕЊЕ ПО ВОДА

Во Библијата е забележан настанот кога Исус чекорел по вода. Петар побарал и тој да го стори истото. Нешто што е несвојствено за човекот и е во спротивност на природните закони. Но на повикот на Исус и тој зачекорил во невозможното.

Во духовниот живот и ние чекориме по водите на искушенијата и проблемите. Оваа невозможна работа ја остваруваме единствено преку силата на Исуса. Тој не држи со својата рака на површината за да не потонеме.

Но кога станува збор за буквално чекорење по вода, ова животно е вистинско чудо.

Кога тој е во опасност, едноставно трча по водата за да си го спаси животот. Како да станува збор за сосем обична работа. Движејќи се по водата со брзина од 1,5 метри во секунда.Оваа способност му е дадена од страна на Творецот, и тој е уште еден пример од неговите чудесни созданија.