Текстови

КАМЕЛЕОН

Камелеонот е сигурно првото животно кое ни доаѓа на ум кога размислуваме за маскирањето. Камелеонот ја менува својата боја на кожата во однос на теренот со кој се сретнува. Се мисли дека светлината и промената на температурата имаат улога во реакцијата која ги предизвикува овие промени. Оваа особина уште во почетокот е всадена во него за да се претопи во околината.

Уште една работа поврзана со камелеонот. Неговиот јазик стои собран како хармоника во устата и прекриен е со леплива течност. Кога доволно ќе се приближи на некој инсект, тој ја отвара устата и бргу го исфрла јазикот. Лепливиот јазик, испреплетен со мускули се истегнува 1,5 пати подолго од самата должина на камелеонот. Времето кое е потребно да јазикот го фати пленот и се врати назад е десети дел од секундата.