Текстови

Патот кон Христа…

Патот кон Христа спасителот
Сами го строиме
Во делата наши за Него
Од ништо да не се боиме
Со животните бури да се справиме
Поуки за чеда да оставиме
Чедата наши во верата Христова
Силни и праведни да бидат
Христовата ука низ животот да ги води
Светлината да ја видат
Во светилниците да не забораваат
Масло да се става
Да не би да ги затече Младоженецот
Кога ќе дојде во сета слава
Трубите од небесата кога ќе се гласат
И ангелите кога ќе пејат
И на колена да паднеме доцна е
Доцна е и солзи да се леат

Составил, В.С. ЛИСАВ