Во периодот од 1770 – 1825 година, баронот von Kempel, заедно со својот автомат кој игра шах наречен „Турчин” имал турнеја по Европските дворови. Наполеон лично играл со овој автомат и изгубил. Никогаш не дознал како оваа машина го победила. Се зборува дека во автоматот се криела личност која играла.
Како и да е, во 1996 година компанијата IBM со својот компјутер наречен „Deep Blue” го предизвикува големиот шаховски мајстор Каспаров. Тој по потекло е пола Ерменец пола Евреин. Победата ја извојува Каспаров со резултат 4:2.
Наредната година 1997, повторно е одигран натпревар. Овојпат со подобрена верзија два пати побрза од претходната, Deep Blue е способен да врши 200 милиони комбинации во секунда. Победува компјутерот со резултат 3,5:2,5.
Каспаров ги оптужува IBM за измама изразувајќи сомневање во човечка интервенција, односно дека компјутерот бил потпомогнат. Тој бара реванш, но од страна на IBM е одбиен а компјутерот е демонтиран. За овој настан е направен и документарен филм.
Овој натпревар ја покажува големината и комплексноста на човечкиот мозок. Како е можно да се победи овој супер компјутер, кој има само една задача – да игра шах.
За разлика од него, човечкиот мозок се грижи за безброј задачи во телото. Тој врши кординација, управува, контролира милијарди нервни ќелии а во исто време игра со еден ваков супер компјутер.
Научниците велат дека просечниот човек користи од 3 – 6 % од капацитетот на мозокот. Оние кои ги нарекуваме гении достигнуваат отприлика 7%.
Се уште не е искористен неговиот максимум ниту на научниците им е целосно јасно функционирањето на мозокот.
Тој е показател на една врвна и ненадминлива интелигенција која го создала.