Текстови

ПОТЕКЛОТО НА ЧОВЕКОТ (неговата природа)

  • Кој сум јас?
  • Колку се разликувам од другите суштества?

Постојат многу одговори во зависност од која точка ги гледаме работите.За економистите човекот е статистика,за луѓето кои работат во маркетинг е потрошувач,за трговците купувач. „Јас сум збир на калциум, вода и органски молекули наречани Карл Сеган. Ти си збир на идентични молекули со друго име. Но дали е тоа се? Постои ли нешто друго освен молекулите? – Карл Сеган.

Со прифаќање на Дарвиновата теорија, многумина ги бараат своите корени кај животните. Без оглед дали веруваме во Бога или не, очигледно е дека постои голема разлика помеѓу човекот и животните. Една од тешкотиите со кои се соочуваат неверниците е како да ја објаснат човечката природа а да не се повикаат на Бога.Атеистот Бертранд Расел вели дека сме различни од сите други суштества, и единствани во овој свет. Нашите морални карактеристики, креативност, љубов, пожртвуваност, способност за размислување, не одвојуваат од сите други облици на живот. Но Расел, како и секој друг секуларен филозоф, признава дека човекот е поинаков,но не може да објасни зошто. Според христијаните, човекот е создаден посебен во споредба на се друго кое Бог го создал. Ние сме создадени да го запознаеме,  да уживаме во заедницата со Него, зошто ништо друго не може да му даде смисла на нашиот живот. Во првите текстови на Библијата е објаснето дека според „ликот Божји” човекот и жената се разликуваат од животните. Да споменеме некои особини кои ги поседува човекот.

Интелигенција:Луѓето како и Бог, размислуваат, расудуваат и планираат. Наспроти ова кај животните постои инстиктивно однесување(верверицата според инстинктот собира храна за зимата)

Творештво:Луѓето како и Бог, откриваат и создаваат затоа што тоа го сакаат, а не само затоа што чувствуваат потреба за тоа. Никому не му треба, слика од зајдисонце, украсна градина, песна или поема, но сепак човекот ги создава.

Заедница:Луѓето не можат да живеат целосно одвоени едни од други. Тие се меѓусебно поврзани со љубов, пријателство, сочуствителност.

Грижа, одговорност:Бог му дал на човекот власт над сите Божjи созданија да се грижи и управува место Него. Тој е обдарен со способност да согледа и ги увиди потребите на се што постои и чувство за грижа спрема нив.

(Ateizam ili Hrišćanstvo dr.Jovan Iliev)

Човекот апстрактно размислува,свесно поставува цели, прави планови за да ги достигне и наоѓа задоволство во нивно остварување. Неговото око ја забележува убавината, увото ја открива музиката, нагон има за се поголемо знаење. Целата своја телесна и духовна сила ја користи со задоволство додека чекори низ животот. Тој има и морално чувство за она што е исправно а што не, и совест која го опоменува кога ќе залута. Човекот ги набљудува животните и растенијата, морињата и планините, ѕвезденото небо, и размислува за нив. Свесен е за времето и вечноста, се прашува како дошол тука и кој стои зад сето тоа. Ниту едно животно не негува такви мисли. Размислувајќи за човекот псалмистот Давид кажал„Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела, душата моја тоа добро го сознава(псалм 138.14)