Текстови

ЕВОЛУЦИЈА

Што претставува еволуцијата?

Кои се нејзините докази?

Уште со објавувањето на книгата „Потеклото на видовите” во 1859 година теоријата предизвикала несогласување дури и помеѓу врвни еволуциони научници. Денес тој спор продолжува со посилен интензитет.

Еволуција: Според оваа теорија првиот жив организам се развил од нежива материја. Како растел и се развивал преминувал во друг вид на живо суштество. Овој вид се развивал и преминаувал во трет вид, и така со текот на времето се оформиле сите видови на оваа планета заедно со човекот. На прв поглед посебно за оној кој не испитал подлабоко,оваа приказна изгледа убедливо и логично. Но дали е тоа така?

Теодосијус Добжански, еден од водечките еволуционисти во својата книга „Човештвото кое еволуира”напишал: Во Дарвиново време еволуцијата била хипотеза, денес таа е докажана.

Карл Сеган писателот на бестселерот „Космос” изјавува: Еволуцијата е факт а не теорија.

Некои увидуваат дека теоријата е невозможна но продолжуваат да веруваат: Ние мораме да веруваме во невозможното, а тоа е дека животот настанал случајно, спонтано – Џорџ Вол, нобеловец од Харвард.

Доколку еволуцијата е факт, фосилниот доказ сигурно би открил постепено менување од еден вид живот во друг. Ако еволуцијата се случила, треба да очекуваме континуирани серии од фосилни организми, почнувајќи од простите до сите посложени денешни живи форми. Ископаните фосили од разни слоеви на земјата се оформени видови, без трага од било каков преоден облик. Ќе споменеме неколку работи кои се користат за подршка на еволуцијата.

Човечкиот ембрион: Во одредена фаза на развој на човечкиот ембрион тој покажува особини на пониските облици на живот од кој настанал. Според Дарвин, сличноста на ембрионите во најраниот стадиум, обезбедува доказ за заедничкото потекло. Германскиот научник Ернст Хекел преку цртеж на два ембриона, еден човечки а друг животински, укажувал на нивната сличност. Посочувајќи на отвори за шкрги како доказ дека рибите се наши предци. Долг период се наоѓале овие слики во учебниците по биологија. Но денес се знае:

Хекел користел преправени цртежи и неточни податоци.

Она што се мислело дека се шкрги, всушност се анатомски делови на човекот од кои настануваат органите на средното уво и некои други ткива. Во денешната еволуционистичка литература доказот од ембриологија не се спомнува. »Еволуцијата денес има помалку докази од минатото«.

Мутации; винска мушичка: При експериментирање со вински мушички се забележани нови промени кај нив. Меѓутоа примерите се главно дегенеративни, наместо прогресивни, покажувајќи губиток на крилја, очи и др. Мутираните типови се инфериорни во однос на нормалните, и обично не преживуваат во природа. Мутациите не создаваат нови видови, туку промени во веќе постоечкиот вид. Мутациите кај мушичките создаваат повторно мушички. »Еволуцијата ја нема на видик.«

Археоптерикс: Преоден облик од влекач во птица е често спомнуван пример. Поради тоа што поседувал канџи на крилјата и заби во клунот. Но и денес некои птици имаат канџи на крилјата но никој не тврди дека се преоден облик. Со реконструкција на археоптериксот е утврдено дека поседува совршена конструкција за летање и аеродинамичност. Палеонтолозите се сложуваат дека тој не е предок на современите птици.

Настанокот на коњот: Се претпоставува дека еден мал глодар сличен на зајакот постепено преминал во денешниот коњ. За ова е потребна голема имагинација за да се прифати бидејќи не постојат никакви докази. Првобитнот приказ за еволуцијата на коњот во Американскиот природонаучен музеј тргнат е од очите на јавноста. Истражувачите ги разгледуваат новите идеи за еволуција на коњот.

Хомо Сапиенс: Тој е еден од повеќето замислени човекови предци. Повеќе за нив види под„ Човеколики Мајмун” а овде само ќе потврдиме:

НЕ ПОСТОИ НИКАКОВ ФОСИЛЕН ДОКАЗ

Овде спомнавме само неколку од повеќето измислици за подршка на еволуцијата. Теоријата на еволуцијата е пример на парадигма која опстојува и покрај недоволно докази за нејзино постоење. Таа навлегува не само во училиштата, туку и во разни други полиња. Книги, статии во списанија, филмови и ТВ програми ја прикажуваат како утврден факт.

И така СТО ПАТИ ПОВТОРЕНАТА ЛАГА СТАНУВА ВИСТИНА.

Во светлина на се поновите откритија еволуцијата и нејзините докази се повеќе се топат. Еволуцијата е претставена како наука но таа е далеку од тоа. Според она што го нуди, таа представува „МИТ” по кој очајно се барат непостоечки докази. И покрај се, многумина веруваат во неа, затоа што им останува втората и единствена алтернатива која не ја одобруваат – СОЗДАВАЊЕТО . Додека се заплеткуваме во разни идеи кои се непотврдени а некои и апсурдни, решението стои пред нас.

»И ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи.«(Јован 8.32)