Текстови

ТРКА НА ЖИВОТОТ

Дерек Редмонд. Дали сте слушнале за оваа име? Најверојатно не. Но неговата мотивација да ја заврши трката ќе се врежи во умовите на оние кои ја видоа неговата трка тој ден. Насловните беа преплавени со зборовите „Губитник“ го украде шоуто.

Во 1992 год на Олимписките игри во Барселона беше фаворит за победа на трката на 400 метри во полуфинале. Критичарите предвидоа дека тој лесно лесно ќе ја претрча патеката и ќе заврши како победник освојувајќи го златниот медал, како горд претставник на Голема Британија. Дерек целиот негов живот го поминал тренирајќи и подготвувајќи се за овој момент. Тој верувал дека напорните вежби и неброените часови во теретана ќе се исплатат. Сега беше неговиот момент да заблеска и да покаже на светот кој е најбрзиот човек во светот.

Трката започна, Дерек беспрекорно го претрча првиот свиок. Со останати 250 метри, тој претпостави дека победата е оддалечена само неколку секунди. Но одеднаш, тој клекна на земјата. Другите натпреварувачи претрчаа покрај него, тој остана сам, со рацете на неговот лице, истеганата тетива под коленото која предизвика да се тетерави од болка. Не беше болката поради која плачеше, туку уништениот сон и вложените напори за да се оствари.

Тренерите потрчаа кон него, обидувајќи се да го повлечат од патеката, но Дерек го направи неочекуваното. Со болка во неговите очи, стана и почна со кривење да оди кон завршната линија. Кога сврте на последниот свиок, слушна човек кој притрчува кон неговата патека. Тоа беше неговиот татко кој трчеше кон него. „Не мора да го правиш ова“ – рече неговиот татко. „Да, морам“ – возврати Дерек. „Тогаш сине, заедно ќе ја завршиме трката“.

Со куцање и цимолење од болка, Дерек го прегрна својот татко за да има сила да продолжи, но и заблагодарувајќи се за неговата љубов и сочувство. Дерек нема да можеше да ја заврши сам трката. 65.000 публика застана на своите нозе и добија громогласен аплауз. Беше најубавата сцена помеѓу татко и син, неговиот татко дојде да го спаси својот син.

Може поминуваш низ нешто што е неподносливо, можеби твоите соништа, цели, амбиции се срушени. Но Бог те гледа. Тој притрчува кон тебе, Тој трча со тебе. Не можеме да живееме сами, не можеме да зависиме од сопствената сила, нас ни е потребен Бог. Бог кој ќе не носи низ сите наши неволји. Можеби мислиш дека немаш сили да продолжиш да трчаш, нема да освоиш злато, или ќе завршиш последен, но се додека му дозволиш Тој да трча со тебе ќе победиш. Дозволи му да те однесе до завршната линија.