Еден писател го опишал своето животно искуство со следните зборови: „Постојано бев победуван, но во мене сепак постои нешто што никогаш не може да се победи.
Јас сум полн со нови почетоци. “Полн со нови почетоци! Колку е прекрасен тој животен факт! Постојат промашувања, порази што можат да се поправат со користење на нови почетоци.
Некое малечко момче стекнало предимство над своите другари во играта со тоа што многу претпазливо се лизгало од кој и да е од нив. Кога неговото семејство се преселило во нов стан, тоа пак ги засенчило сите момчиња со својата лизгачка вештина. „Како си научил толку добро да се лизгаш?“, го прашало едно од нив.
„Едноставно“, одговорило. „Секојпат кога ќе паднев, јас станував!“
На 30 април 1944 г, за време на Втората светска војна, пилотот Ед Нортерн, бил соборен над Денкерк во Франција. Веројатно загинал, бидејќи никогаш не бил пронајден. Меѓу неговите хартии останала и една со рака испишана молитва. Таа содржи порака и го открива неговиот став кон животот што се уште претставува вдахновение и предизвик. Отприлика таа гласи вака:
„Драги Боже, помогни ми да дадам вистински придонес за животот. Не сакам лесна работа. Сакам само во целост да ти го вратам се она што си ми го дал. Постави ме секаде каде што сум ти потребен. Ако ми дадеш тешка работа, ти благодарам за довербата. Помогни ми да имам на ум дека никогаш не ќе морам да се сретнам со нешто што Ти и јас не можеме заеднички да го совладаме. Помогни ми проблемите да ги сметам како предизвици и да сфатам дека поразот, одбивањето и тешкотиите не можат да се избегнат. Помогни ми и за тоа да ти бидам благодарен. Помогни ми да бидам чесен. Без оглед што прават другите, помогни ми да не лажам. И на крајот, Господе, ако потполно бидам онеспособен, или ако станам беспомошен поради болест или старост, помогни ми и тоа да го прифатам. А кога ќе се спушти темнина и кога борбата ќе заврши, не сакам при заминување никакви лажни пофалби. Се што сакам да знам е дека Ти сметаш дека во полнина сум го проживеал мојот живот.“
Тешко би било со поинакви зборови да се искаже посилен победоносен став кон животот отколку што е сторено во оваа молитва.