Текстови

НАПУКНАТО ГРНЕ

Носач на вода во Индија имал две големи грниња, секое висејќи на крајот од стапот што го носел околу неговиот врат. Едно од грнинњата имало пукнатина, додека другото било совршено добро и секогаш ја донесувало целосната количина на вода на крајот од долгиот пат од потокот до куќата на господарот. Грнето со пукнатина секогаш било полу празно.

Оваа се случувало цели две години, носачот носел едно грне полно со вода, а другото било полно само половина.. Секако совршеното грне било гордо на своето постигнување, ја постигнало целта за која е и направено. Но скршеното грне било засрамено од својата несовршеност, и се чувствувало мизерно бидејќи можело да постигне само половина од она за што е направено. После две години од својот неуспех, покрај потокот тоа му прозборело на носачот на вода.

“Јас сум засрамен од себеси, и затоа сакам да ти се извинам”.

“Зошто?” – прашал носачот.” Од што си засрамен?”

“Во последните две години јас бев способен до донесам само половина од водата, бидејќи пукнатината што ја имам предизвикува водата да тече по патот до куќата на твојот господар. Заради мојот недостаток, ти треба да ја работиш целата оваа работа, а притоа да не ја добиеш целосната вредност на твоите напори”- рекло грнето.

На носачот на вода му паднало жал за старото напукнато грне и му кажал во сочуство: “Кога ќе се враќаме во куќата на господарот, сакам да ги забележиш прекрасните цвеќиња покрај патот”.

Навистина како што се накачувале на ридот, старото грне го забележало топлото сонце како ги грее полските цвеќиња покрај патот и ова малку го развеселило. Но на крајот на патувањето сеуште се чувствувало лошо затоа што истекло половина од неговиот товар, и повторно му се извинил на носачот за неговиот неуспех.

Носачот му рекол на грнето “Дали забележа дека има цвеќиња само на твојата стрaна од патот, но не и на страната од другото грне?”

“Тоа е бидејќи јас секогаш знаев за твојот недостаток, и тоа го претворив во предност. Посеав семе од цвеќе на твојата страна од патот, и секој ден додека се враќавме назад ти ги наводнуваше тие цвеќиња.”

“За време од две години јас можев да ги собирам тие прекрасни цвеќиња и да ја украсам куќата на господарот. Без да бидеш она што си, тој не би ја имал убавината која сега ја има во неговиот дом. “

Сите ние имаме свои недостатоци. Сите сме напукнати грниња. Но ако му дозволиме Господ ќе ги искористе нашите мани за да ја разубавиме масата на Неговиот Татко.

Во економијата на Господ ништо не е бескорисно.

Како што настојуваме да му служиме на Бог, и Тој не повика на некоја служба, не се плаши од твоите недостатоци и мани. Признај ги и дозволи Му да ги претвори во предност. На тој начин и ти исто така можеш да бидеш причината за убавината на Неговиот пат.

Излези смело, знаејќи дека во нашата слабост ја наоѓаме Неговата сила.