Текстови

Дали сте термометар или термостат?

Кога размислувате за тоа како реагирате или одговарате на околностите на работа или во кругот на вашите пријатели и семејство, дали вие сте тип на личност на која лесно се влијае – термометар кој ја мери температурата? Или, сте тип на личност која влијае врз другите – термостат кој ја менува температурата?

Можеби работите со луѓе кои се многу негативни, или можеби, живеете со негативна личност. Но , не мора да им дозволувате да ви ја украдат радоста. Луѓето околу вас можеби ќе се жалат од нивниот шеф, ќе се жалат на економијата, ќе зборуваат колку лошо некој се однесува со нив. Не им се придружувајте и да речете “ Ох, зарем само тебе ти е лошо? Дај да ти кажам за моите проблеми. Мојот тинејџер не ме слуша. Мислам дека ќе треба да се оперирам наскоро. Моето осигурување се зголеми. Не се квалификувавме за новиот дом кој го посакувавме.“

Не, кога зборувате за пораз, се приближувате кон поразот.

Наместо тоа, имајте поинаков дух. Вие не сте создадени да бидете термометар. Не дозволувајте другите да влијаат врз вас и да го извлечат лошото во вас. Вие сте создадени да бидете термостат. Вие го имате духот на живиот Бог во вас. Вашиот став треба да биде, “ Да, може имам некои проблеми. Да, можеби е тешко, но знам дека ова ќе помине.“ “ Да, вистина е дека може ќе одам на операција, но знам дека Бог ќе ме направи подобар отколку што бев претходно.“ “ Не, ние не се квалификувавме за новиот дом, но не се обесхрабрувам. Знам дека Бог има нешто подобро за мене.“ Тоа значи да се биде термостат. Не дозволувајте другите да ве повлечат надоле, наместо тоа, вие повлечете ги нив нагоре.
Запаметете, исто како што негативноста е заразна, и верата е заразна. Исто како што жалењето, обесхрабрувањето и киселиот изглед заразен, така е и со позитивноста , надежта, верата. Еве го клучот: колку повеќе другите зборуваат за пораз, толку повеќе треба да зборувате за победа. Колку повеќе тие се жалат, толку повеќе давајте слава. Колку покисело изгледаат, толку посреќно треба вие да изгледате.

.Не дозволувајте другите да ве повлечат надоле. Наместо тоа, подигнете ги нив бидејќи Бог бара луѓе кои ќе бидат верни во Негова корист. Тој сака да го излее Неговиот благослов на доброволни и отворени садови.
Тој сака да ја излее Неговата милост и благодат , и ако го задржите ставот на вера, вие се поставувате во положба да ги примите сите добра кои Тој ги има во ризницата за вас!