Текстови

ИСУС, МУХАМЕД, БУДА …

Може да се каже дека во целата човечка историја, не постоела таква личност, религиозна или световна, која што била толку сакана и обожавана, но во исто време толку омразена, омаловажувана и отфрлена, како што бил Исус.

Многу припадници на другите религии,како и повеќето неверници, го ставаат Исус во групата на верски водачи како што ги има во многуте религии. За едни тој е пророк како многуте кои дошле, за другите харизматичен водач или друштвен реформатор.

Да направиме паралела помеѓу Исус и останатите.

Биографиите на Мухамед, Буда, и останатите верски водачи не покажуваат ништо посебно дека се случило при нивното раѓање. Како и сите други, биле резултат на биолошко соединување на нивните родители. Никој не ги очекувал, а станале познати откако пораснале. Од друга страна, Исус е роден од девица без татково учество, чие раѓање било очекувано и уште многу векови однапред проречено.

Од неговото надприродно раѓање, па се до неговата смрт, Исус живеел безгрешен живот.

Не постои запис за било кој друг верски водач кој за себе би тврдел дека е безгрешен. Куранот вели дека Мухамед ја зел жената на својот син, а Буда иако бил жалостив спрема сиромашните и болните, не живеел безгрешно. Најзначајна разлика е во нивниот крај. Никој не оспорува дека Мухамед е мртов и погребан 632 година во Медина. Буда умрел во длабока старост откако изел расипано свинско месо.

Но Исусовиот гроб е празен, единствениот кој живее од оваа група на мртви водачи.

Суштината и сржта на религиите који ги проповедаат Конфучие и Буда е во нивното учење и разните принципи а не во самите нив како личности. Дури и Исламот го гледа Мухамед како канал за боженствено откровение. Муслиманот секогаш ќе посочи кон Куранот како најголемо Божје откровение отколку на Мухамед. Во христијанството е спротивно. Иако Новиот Завет е незаменлив извор на информации за Исусовиот живот и работа, самиот Исус, а не Библијата е она најголемо Божје откровение.

Сите религии зборуваат за некој вид на спасение. Меѓутоа, иако тврдат дека човештвото е во тешка морална криза, не мислат дека проблемот е толку голем за да има потреба од спасител. Наспроти овие религиозни системи, Исус вели:

Јас сум патот, вистината и животот. Никој не доаѓа при Отецот освен преку мене. (Јован 14,6). Ниеден верски лидер не се осмелил да изјави нешто слично.

Повеќето светски религии гледат на Исусовата спасоносна смрт со сомневање. Исламот го отфрлува крстот со објаснување дека не е неопходно да главниот Божји пророк доживее таква срамна смрт. Куранот не гледа потреба за смрт на Спасителот кој ги носи гревовите, ниту пак Мухамед имал власт да проштева нечии гревови како Исус.

Многу негови изјави биле шокирачки како за тоа време така и денес.

Вистина, вистина ви велам: Јас сум пред да се роди Аврам. (Јован 8.58)

Често се поистоветувал со небесниот Бог. За вакви тврдења и денес би добил смртна казна како од евреите така и од муслиманите. За Буда не постои личен Бог со кого би комуницирале, а за Мухамед Бог е премногу свет и тој својата волја ја открива оддалеку, за човечките гревови да не го извалкаат Неговиот лик. Единствено Исус стои во таква блискост со Бог за да каже: Јас и Отецот едно сме. (Јован 10,30)

Мухамед зборува за погубување на непријателите како и оние кои нема да го прифатат Исламот. Исус вели да се сакаат непријателите и бара секој без присила да се одлучи.

Неговото прашање стои и денес, упатено до сите: А вие за кого ме мислите ?

(Марко 8,29).