Текстови

АПОСТОЛ ПАВЛЕ И ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

Павловите посланија се основа за бескрајно долги дебати, но секој искрен ученик на Библиската вистина преку овие посланија биде предупреден дека Милоста Божја и Законот Божји, одат рака под рака, и во ниеден случај не се спротивни еден на друг.

Внимателното проучување на Библијата ќе ни ја осветли вистината дека почитувањето и исполнувањето на Божјиот Закон НИКОГАШ никого нема да го оправда. Бидејќи човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот. (Римјани 3:28).

Но Павле убрзано додава и вели:

Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? ДАЛЕКУ ОД ТОА! Туку, со тоа ГО УТВРДУВАМЕ Законот. (Римјани 3:31)

Павле го подржува Законот, односно Десетте Божји заповеди како стандард врз основа на кој верникот ќе се оправда и освети. Но, на нас ни е потребно нешто повеќе од оправдување и осветување, а тоа е одвојување од гревот со тоа што ќе ни биде дадено ново срце и ум, трансформирани и осветени.

 

Павле го подржува Божјиот Закон:

Римјани 13:9

Зашто заповедите: Не прави прељуба!, Не убивај!, Не кради!, Не посакувај! – и ако има уште некоја друга заповед содржани се во овие зборови: Љуби го својот ближен како себеси.

Ефешјани 6:1-3

Деца, слушајте ги вашите родители во Господа, зашто тоа е право.Почитувај ги својот татко и мајка – тоа е првата заповед со ветување – за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата! А вие татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во науката и опомената на Господа.

 

1 Коринтјани 7:19

Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, туку извршувањето на Божјите заповеди.

Римјани 7:12

Затоа Законот е свет, а и заповедта е света, и праведна, и добра.

Римјани 7:7

И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: Не ќе посакуваш!

1 Коринтајни 15:56-58

Осилото на смрта е гревот, а силата на гревот е Законот. Но, фала Му на Бога Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос. Затоа мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.

1 Тимотеј 1:8

Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски.

Забуната настанува околу фактот дека исполнувањето на Законот само преку дела не е доволно за праведност. Ова бил основниот проблем на Израел кој стремејќи се кон законот на праведноста, не стигна до Законот на праведноста. (Римјани 9:31).

Значи, тие се обиделе да ја постигнат праведноста со “правила кои биле надвор од игра”, односно без вера, само со дела. И така Израел не успеал да го исполни Законот. Зошто? – затоа што не настојуваше да го постигне со верата, туку со делата на Законот, се сопна на каменот на сопнување. (а тоа е верата во Исуса Христа) (Римјани 9:32).

Законот сам за себе не е корисен, но кога Христос посредува и Светиот Дух го пишува Законот на нашите срца, (2 Коринтјани 3:3) …… “не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочи, туку врз плочи – на човечките срца.” не оспособува за служба на Бога.

Римјани 12:2

Немојте да се прилагодувате со овој свет, туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја воља!

Исто како што е ветено и во Новиот завет:

Евреите 8:10

Зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израеловиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам на нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

 

 

Превод од англиски јазик: А.С.

Користени стихови/цитати од:

Библија, превод Д-р Душан Х.Константинов –Еуролибер 1999;

The Holy Bible, King James version, Copyright 1979;