Текстови

НОВИОТ ЗАВЕТ И ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

ИСУС ХРИСТОС И ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

Јован 14:15 (Исус рекол)

Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

Јован 14:21 (Исус рекол)

Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби, а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.

Матеј 5:17-19

Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам. Зошто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква (јота), ни цртичка, не ќе ја снема од Законот додека не се збидне се. И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно, а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно.

Матеј 15:6,8,9

6…… и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание.

8. Овој народ ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. 9.Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.

Матеј 19:17-19

.(Младиот човек го прашува Исус што треба да направи за да биде спасен)…А ако сакаш да влезеш во животот пази ги заповедите Му рече: Кои? А Исус рече: Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себе си!

Матеј 22:36-40

Учителе, која е големата заповед во Законот? А Тој му рече: Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед; а втората е како и оваа: Љуби го својот ближен како себеси! На тие две заповеди висат Законот и Пророците.

Исус, истотака посочува дека не е доволно само да се исполнува Законот и заповедите, “Матеј 5:20 зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, нема да влезете во царството небесно”, туку исполнувањето на Законот мора да биде инспирирано од срцето, како резултат на нашата лична врска со Исус, базирана на љубовта која ги надминува сите мерки на човечката љубов.

Сето ова е возможно само доколку останеме накалемени на Вистинската лоза, Исус Христос! Ова значи да бидеме во заветна врска со нашиот Бог и Спасител.

Јован 14:23

Исус во одговор им рече: Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме.

 

Превод од англиски јазик: А.С.

Користени стихови/цитати од:

Библија, превод Д-р Душан Х.Константинов –Еуролибер 1999;

The Holy Bible, King James version, Copyright 1979;