Текстови

АПОСТОЛ ЈОВАН И ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

Јован 14:15 (Исус рекол)

Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

 

Јован 14:21 (Исус рекол)

Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби, а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.

 

Јован 15:10 (Исус рекол)

Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.

 

Јован 2:3-4

И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди. Кој вели: Го познав, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.

 

1 Јован 3:22-24

И што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што а благоугодно пред Него. А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој – во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.

 

1 Јован 2:3-6

И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е Тој чист. Секој кој врши грев, врши без-законие (без закон е), а гревот е без-законие. (гревот е кршење на законот). И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев. Секој кој останува во Него, не греши, секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.

 

1 Јован 5:2-3

По тоа познаваме дека Ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки.

 

2 Јован 1:6

А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди, Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите.

 

Откровение 12:7

И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.

 

Откровение 14:12

Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.

 

Откровение 22:14

Блажени се оние кои ги пазат Неговите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите.

Лингвистичкото значење на зборот “ЗАПОВЕД”,

односно “ENTOLE во Јовановите списи

 

Опозицијата ќе рече: Јован во своите списи не се повикува на десетте заповеди!!!

Низ сите Јованови списи (Евангелието, двете посланија и Откровението) ќе ја забележите тензијата која постои помеѓу Еврејските заповеди и Новозаветната заповед базирана на љубовта.

Јован 13:34 Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг.

Зборот “заповед” употребен во овој стих од страна на апостол Јован и низ целиот Нов завет, е еквивалент на грчкиот збор entoleкој значи “давање на одговорност”.

Зборот закон кој е употребен од страна на Јован е еквиваленет на грчкиот збор nomos кој значи закон, заповед, наредба, уредба.

Се зборува дека зборот “nomos” се однесува на десетте заповеди од Стариот завет, а зборот “entole” дека се однесува на Христовата нова заповед за љубов. (Јован 13:34)

 

Пред да донесеме било каков заклучок најпрво да погледнеме како зборот “entole” е употребен во Новиот завет.

Матеј 15:3-6

А Тој во одговор им рече: Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед (entole), заради вашето предание? Зашто Бог рекол: Почитувај ги татка си и мајка си, ………и така го укинавте Божјиот збор – заповед (entole) заради вашето предание.

 

Матеј 19:17-19

….А ако сакаш да влезеш во животот пази ги заповедите (entole)! Му рече: Кои? А Исус рече: Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себе си!

 

Марко 7:9-10

Вие добро ја укинувате – продолжи Тој – Божјата заповед (entole), за да го држите вашето предание! Имено, Мојсеј рече: Почитувај ги татка си и мајка си!….

 

Марко 12:28-30

…..Го праша: Која е првата од сите заповеди (entole).

Исус одговори: Првата е: Слушај Израеле – Господ, нашиот Бог – е единствен Господ, и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила!

 

Лука 23:56

Потоа се вратија и приготвија мириси и миро, а во саботата почиваа, според заповедта (entole).

 

Од она што го видовме во сите наведени цитати од Новозаветните книги е дека употребата на грчкиот збор (entole) се однесува на дессете Божји заповеди.

Апостол Павле истотака го користи овој збор (entole), за да посочи на 10-те заповеди.

Во Римјани 7:8-13 Павле ги користи и двата збора nomos(закон) и (entole) – заповед во дефинирање на гревот како кршење на законот односно заповедите.

Истата дефиниција за гревот ја дава и апостол Јован во неговото послание, и тоа:

1 Јован 2:3-6

….Секој кој врши грев, врши без-законие (без закон е), и гревот е без-законие.

Во Римјаните 13:9 Павле не само што го поврзува зборот (entole)-заповед со десетте заповеди, туку и десетте заповеди ги поврзува со т.н. “нова заповед” за љубов према ближниот.

 

Римјани 13:9

Зашто заповедите: Не прави прељуба!, Не убивај!, Не кради!, Не посакувај! – и ако има уште некоја друга заповед (entole) – содржани се во овие зборови: Љуби го својот ближен како себеси! (Јован 13:34, 1 Јован 5:2-3, 2 Јован 1:6, Матеј 22:39).

Значи, врз основа на лингвистичкото значење можеме да заклучиме дека Новозаветниот (грчки) збор “entole” заповед се однесува на десетте Божји заповеди. Но, можеби некои ќе речат дека заповедта за Љубов ги замнеува 10-те заповеди, но Библијата не учи на следното: Веќе прочитавме дека заповедта во Римјани 13:9 да се љуби својот ближен како себеси е всушност изразена во последните 6 (шест) заповеди од Декалогот.

Истотака, Исус вели во Матеј 19:17-19

….А ако сакаш да влезеш во животот пази ги заповедите (entole)! Му рече: Кои? А Исус рече: Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себе си!

Исус прво Ги цитира двете најголеми заповеди а потоа ги поврзува со Законот, и тоа:

Матеј 22:36-40

Учителе, која е големата заповед (entole) во Законот (nomos)? А Тој му рече: Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед (entole); а втората е како и оваа: Љуби го својот ближен како себеси!

На тие две заповеди висат Законот (nomos) и Пророците.

 

Значи оваа “нова заповед” за љубовта и не е воопшто нова. Вистина е дека била малку запоставена, но во никој случај не е нова, а за тоа тврди и Јован во своето прво послание, и тоа:

 

1 Јован 2:7

Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток, старата заповед е словото, што сте го  чуле.

Значи, оваа “нова заповед”, всушност ја гледаме низ целиот Закон и Пророците (Стариот завет).

 

Второзаконие 6:5

Затоа љуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила!

 

Второзаконие 11:13

Затоа, ако навистина ги послушате заповедите што ви ги давам денес, и ако Го љубите Господа, својот Бог, и ако Му служите со сето свое срце и со сета своја душа,

 

Второзаконие 30:16

Ако ги послушаш заповедите на Господа, својот Бог, кои ти ги давам денес – ако ги послушаш љубејќи Го Господа, својот Бог, одејќи по Неговите патишта, вршејќи ги Неговите заповеди, Неговите закони и Неговите уредби, ќе живееш и Господ, твојот Бог, ќе те размножи и ќе те благослови во земјата во која влегуваш да ја земеш во сопственост.

 

Левити 19:18

Не се одмаздувај и немај злоба кон синовите на твојот народ. Љуби го својот ближен како себеси. Јас Сум Господ!

 

Левити 19:34

Туѓинецот кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!

 

Исаија 58:6-10

Ова е пост што ми е по вољата: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот, да ги пуштиш на слобода угнетуваните, да ги скршиш сите окови. Да го поделиш својот леб со гладните, да ги воведеш под својот покрив бескуќниците, да го облечеш оној што ќе го видиш гол, и да не се криеш од оној, кој е од твојата крв. Тогапш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница. Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш ќе рече: Еве Ме! Ако ги отсраниш од својата средина, јаремот, испружениот прст и безбожната беседа.

Уште еднаш можеме да заклучиме дека заповедта за љубов е основа на Божјите заповеди. И тоа не е вопопшто нова заповед.

Многу е важно да се запази целиот концепт на држење на Божјите заповеди, а љубовта кон Бога дава смисла и сила на сето тоа.

Ние му искажуваме послушност на Бога, БИДЕЈЌИ ГО ЉУБИМЕ со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја сила , и затоа што оваа љубов и заедништво со Бога (првите четири (4) заповеди од Божјиот закон) не оспособуваат да ги исполнуваме и останатите шест (6) заповеди на кои основната порака е да го Љубиме својот ближен како себеси!

 

 

Превод од англиски јазик: А.С.

Користени стихови/цитати од:

Библија, превод Д-р Душан Х.Константинов –Еуролибер 1999;

The Holy Bible, King James version, Copyright 1979;