Просторот во јајцето е многу економично искористен. Пилето лежи со свиткано вратче и со клунот свртен кон стомакот. При крајот на третата недела од лежењето, тоа веќе е раздвижено и способно за самостоен живот. Треба да излезе од лушпата, но како? Нема место да го исправи вратчето, па со клунот да удри во лушпата. Клунчето му стои во таква положба така што со неговото остро врвче, пиленцето може само сопствениот стомак да си го нахрани и ништо повеќе од тоа. Ситуацијата е многу сериозна, но никој не мисли на тоа. Домаќинката ги брои деновите и ги очекува пилињата, квачката упорно седи и не е способна да решава било какви други проблеми, но и самото пиле не е свесно во каква неприлика се наоѓа. Но сепак се е во ред. Во одредено време – чук, чук! Лушпата пука и малото несмасно пиле се извлекува на светлината на денот. Како сето тоа му успеало? Некој се погрижил (сигурно некој кој ја согледал сложеноста на ситуацијата) и на пилето во последните денови пред излегувањето од лушпата, на врвот од клунчето му израснало мало жолтеникаво рокче, свртено токму кон лушпата. Со лесни и природни движења на главата напред-назад, пилето гребе и удира со рокчето во лушпата и таа конечно испукува.
Подоцна оваа рокче на клунот на пилето би претставувало голема пречка. Би заглавувало во корењата, тревата и трњето во оградите низ кои се провлекува. Но и тоа некој го земал в предвид. Ако не го змете пилето во првите два-три дена никогаш нема да го видите ова природно орудие за кршење на лушпата. Вообичаено третиот ден, ова рокче на клунот исчезнува, така што клунот изгледа сосема нормално и правилно. Дали во ваквата смислена грижа за судбината на малото пиле треба наивно да се гледа на дејствувањето на Создателскиот ум.