Текстови

СУПЕР БРЗИ ЖИВИ ПОДМОРНИЦИ

Кога ќе се земе предвид обликот и силата на телото, делфините би требало да се движат со брзина од најмногу 30 км/ч. Командантот на еден воен брод забележал дека делфините го следат и претекнуваат неговиот брод кој се движел со брзина од 50 км/ч. Некои повторно велат дека ги виделе делфините како пливаат со брзина поголема од наведената. Овој факт ги заинтересирал научниците. Океанографскиот институт на Хаваите направил експеримент на отворено море. Од базенот пуштиле еден припитомен делфин слободно да го следи бродот. Повеќе не постоеле никакви сомневања. Делфинот лесно пливал покрај бродот кој се движел со 70 км/ч.

Сега требало да се одгвори на едно тешко прашање: каде се крие тајната на големата брзина на делфинот? Биле преземени нови истражувања. Неколку делфини го изгубиле својот живот, бидејќи ги сецирале нивните тела. Конечно физичарите и бродоградителите откриле едно вистинско чудо во природата. Делфините ги надминале најдобрите инжењери и измислиле начин да ги намат вртлозите на вода кои настануваат крај пристаништата и зад сите пловечки тела. Познато е дека вртлозите ги успоруваат бродовите, слично како што вртлозите на воздухот ги успоруваат авионите и автомобилите. Затоа брзите возила се прават во таканаречена аеродинамична линија, слична на издолжена капка. Така хидродинамичната линија била совршена, поради триењето на страните на бродот и водата, каде што малите вртлози се јавуваат како пречка која го успорува бродот. Делфините пронашле начин за неутрализирање на вртлозите. Мазната кожа на овие животни е полна со осетливи нервни станици кои го регистрираат секој вртлог. Ти е нерви се поврзани со мноштво ситни мускули кои многу брзо ги напнуваат и опуштаат одредените делови на кожата. На тој начин кожата на одредени делови на телото врши ситни и брзи треперења преку кои ги загушува вртлозите. Со тоа целосно се оневозможува било какво триење и се избегнува отпорот на водата. Поради тоа брзината е многу поголема отколку што би требало да биде според познатите закони на хидродинамиката. Така инжинерите го разбрале оваа тешко прашање, но никому не му паѓа на памет ова генијално решение да го припише на интелегенцијата на делфините.

Ова е само уште еден пример кој потврдува дека животните се однесуваат како совршено да ги познаваат законите во природата, иако е логично дека ти не знаат ништо за нив. Ваквите и слични чуда во природата не наведуваат да се восхитуваме на недопирливата интелегенција на Творецот.