Текстови

Mинатото зборува за иднината – Израел

Градот Ерусалим е од огромно значење за многу луѓе. Израел како земја не може, како Египет, да се гордее со големи пирамиди. Меѓутоа, таа земја е света земја за муслиманите, за Евреите и за христијаните. Тоа е земја на три монотеистички религии.

Потеклото на Арапите и Евреите

Арапите и Евреите водат потекло од Аврам. Патријархот Аврам живеел во Ур Халдејски. Сер Леонард Вули во 1922 год. копал на едно археолошко ритче во Ирак. Се потврдило дека таа височинка бил градот во кој пораснал Аврам. Бог на Аврам му рекол да ја напушти Месопотамија и да замине во ветената земја Ханан. Таму во својата старост станал татко на два народа.

Арапите и исламот

Северните Арапи се потомци на првородениот син на Аврам, Исмаел. Тоа е нешто со што Арапите многу се гордеат. Уште пред да се роди Исмаел, Бог и кажал на мајка му какво ќе биде неговото потомство: “Ќе го умножам мошне твоето потомство, така што не ќе може да се изброи.Ете ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаел, зашто Господ ја чу твојата мака. Тој ќе биде како диво магаре, неговата рака ќе се крева против секого, и сечија рака на него, и ќе живее пред лицето на сите браќа свои.“ (1 Мојсева 16,10-12). Мнозинството денешни Арапи се муслимани. Нивни најзначаен пророк бил Мухамед, роден во градот Мека,570. или 571. год. Неговиот татко умрел пред тој да се роди, а мајка си ја изгубил во својата рана младост.Мухамед бил успешен трговец со карвани. На дваесет и пет години се оженил со богата вдовица, Кадија, постара од него 15 години. Мухамед поверувал дека добил пророчка визија од ангелот Гаврил – чиишто зборови се сочувани во Коранот. Коранот се состои од 114 сури или глави. Мухамед имал свои противници, и на 16 јули 622 год. побегнал од Мека во Медина, каде што е примен како принц. Во Медина формирал војска и во 630 година ја напаѓа и ја зазема Мека. Кабата ја чисти од нејзините 360 идоли – од сите, освен од светиот црн метеорит. Во текот на две години ги обединил племињата и од нив созздал голема војска. Сета Мека, по чиј што пример се повела цела Арабија му се заколнала на верност. Мухамед умрел во 632.година, стар 64 години, но неговата смрт не го намалила жарот на неговите следбеници. На следбениците им е кажано: “Секој што ќе загине во борбата, неговите гревови се простени.“Ерусалим во 683.година паднал во рацете на калифот Омае. Исламот во средниот век затропал на портите на Виена, но бил одбиен. Меѓутоа благодарение на миграциите, исламот се утврдил во Европа – без оглед на тоа што на мнозина не им одговара учењето, верските должности и фарализмот на исламот. Исто така, луѓето од христијанско потекло тешко го прифаќаат откажувањето едноставноста на Исуса Христа во Коранот и тврдењата дека Тој никогаш не умрел. Мнозина исто така тешко го прифаќаат системот на џихад или светите војни заради одбрана на исламот.

Јудеизмот

Евреите се потомци на Аврамовиот ветен син Исак. Божјите ветувања, дадени на Израел, секогаш имале условен карактер. Патувајќи од Египет, низ пустината , пристигнале во Ханан, Израелците дошле до планината Гаризим и до гората Евал, кај Сихем.Тие гори биле подоцна симбол на Божјите ветувања и барања кон еврејскиот народ. На планината Гаризим се читани Божјите ветувања за Благословите за послушност:(прочитај 5 Мојсева 28,1-3. и 5 Мојсева 28, 1-14). А додека на гората Евал се читани проклетствта за непослушност:(5 Мојсева 28,15.16 до 28 и 5 Мојсева 27 глава. Жално е да се каже дека еврејскиот народ повеќе се бунтувал против вистинскиот Бог Творец, отколку што му бил послушен. Поради нивната непослушност Ерусалим бил нападнат од Вавилонците во 586 год. пред Христа. Во поново време археолозите вршеле ископувања на планината Сион. Посетителите може да ги разгледаат остатоците од ѕидовите на градот што го нападнал Навуходоносор. На подножјето се наоѓа куќа која била запалена при нападот. Во куќата пронашле збирка печати. Еден од печатите му припаѓал на Гемарија, синот на Сафана, кој се спомнува во книгата на Еремија (читај Еремија 36. глава).

Христијанството

Централна личност на христијанството е таа во која верувал Аврам – Господ Исус Христос. Обрнете внимание на Христовата животна историја. Раѓањето на Исус: Јужно од Ерусалим, се наоѓа гратчето Витлеем, местото каде е Исус роден (Матеј 2.1).Пред 700 години пророкот Михеј го преткажал раѓањето на Исус (види Михеј 5.2). Исто така и Исаја истата година кажал дека неговото раѓање ќе биде чудно (види Исаја 7.14, види и Матеј 1.18-23).Првите Исусови години : Јосиф и Марија побегнале од Витлеем во Египет со малото дете Исус за да го избегнат Иродовиот закон за убивање на децата до две години. Кога се вратиле од Египет тие се населиле во гратчето Назарет (види Матеј 2.14,15). Исусовото крштевање: Пророкот Даниел го преткажал точниот миг во историјата кога ќе се појави Месијата, Кнезот на мирот. Зборот Месија значи “помазаник“. Исус бил помазан со Светиот Дух при своето крштевање на реката Јордан, во владеењето на императорот Тибериј. Бил помазан точно како што било преткажано (види Даниел 9.25; Јован 1.41; Дела 10.38 и Лука 3.1-23). Неговата служба на помазаник се состоела од служба на лекување и делење на благослови, додека проповедал за царството свое.

Исусовата смрт: Исус бил распнат на Голгота, надвор од градските ѕидови на Ерусалим. Кои го убиле Исус? Го убиле оние за кои дошол да ги спаси. А зошто дозволил да го фатат, и да го распнат? И зошто умрел? Библијата ни дава точен одговор:“Христос умре заради нашите гревови“(1. Коринќаните 15,3). Исус воскреснал: Извештајот за воскресението на Исус го наоѓаме во Евангелието по Лука 24 глава. Читаме дека Исус станал од гробот како вистинско човечко суштество. Му се јавил на своите ученици, но тие, кога го виделе се уплашиле. “Но тој им рече: “Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам. “Исус се вознел на небото: Четериесет дена по своето воскресение од гробот, Исус Христос се вознел од Маслинската гора и заминал кај својот Татко на небото. Овој извештај можеме да го прочитаме во Лука 24,50 – 52 и Дела на апостолите 1, 1 – 11.

Исус ќе дојде повторно

Пред да замине од оваа земја Исус му дал ветување на своите ученици, а истото ветување важи и за нас денес.( читај: Јован 14,3). Во мигот кога заминувал, на учениците им било кажано: “Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, пак ќе дојде на истиот начин како што Го видовте да оди на небото.“Ова е блажена надеж за човештвото. Блажени се оние кои го очекуваат Второто доаѓање на Господ Исус Христос. Исус преку својот ангел на слугата свој Јован му кажал да запише: “Блажен е оној кој ЧИТА и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.(од Откровение 1,3).