Текстови

Урамнотежете ги своите гледишта

Претераното преувеличување – како и намалување, претставуваат проблем. Еве начин како да ги избегнете. 

„Дали си слеп?“ Ален Постариот, тивко заржил кога судијата свирнал после уште еден удар на деветгодишниот Ален Помладиот.

„Ален, па тоа е само игра“, Џоана го потапкала по коленото.

„Тоа не е само игра“, возвратил Ален Постариот. „Нивниот тим може да заигра во Светскиот Куп на Малата лига, а овој ќорав борбен судија ќе им ги упропаси шансите за тоа“.

„И тоа беше лошо досудено“, Ален гласно негодувал кога неговиот син извел непрецизен удар.

„Можете ли да се смирите малку, господине“, на некои гледачи им пречеле гласните повици и неспортското однесување на Ален Постариот. 

„Живееме во слободен свет, зар не“, Ален намуртено ги погледнал луѓето околу себе додека Џоана повторно го потапкала по коленото обидувајќи се некако да го смири. Тимот на Ален Помладиот сè повеќе губел така што Ален Постариот почнал од трибините да му дофрла совети за играта и отворено да го навредува судијата.

„Требаше да фрлиш кон базата…“

„Зошто не ја скрати таа топка?“

„Зарем баш ништо не можат да направат како што треба?“

Тимот на Ален Помладиот заостанувал за цели 10 поени пред крајот на натпреварот, а тоа веќе било премногу за Ален Постариот. „Не можам веќе тоа да го поднесам“, налутено го фрлил својот шешир на земјата. „Не можам да поднесам да изгубиме, а особено не можам да поднесам што овој судија вака го мести резултатот!“ Потоа се стрчал кон својот автомобил повлекувајќи ја и Џоана со себе.

„Еј, Џон, повторно доцниш“, шефот на смената се надвикувал со бучавата од машините во фабриката.

„Да, се извинувам шефе“, Џон се потрудил да покаже што поширока насмевка. „Претпоставувам дека тоа е поради мојот мал мамурлак од викендот“.

„Па добро, но тоа да не ти премине во навика“, шефот на смената строго го погледнал. „Денес треба да исполниме прилично голема квота на производство и да испратиме сè што е порачано“.

„Секако!“ Џон го ставил својот заштитен шлем и се упатил кон своето работно место.

„Поради што те критикуваше шефот на смената, денес“, малку подоцна, во текот на утринската пауза, на Џон му пристапил еден од неговите колеги.

„Па, ништо“, се смеел Џон. „Претпоставувам дека само е нервозен. Премногу е стар за да би сфатил колку е тешко да се стане во понеделник наутро по динамичниот викенд“.

„Не би преминал туку така преку тоа“, го предупредил колегата. „Видов дека даваат отказ и за далеку помали престапи од доцнење“.

„Да ме отпуштат од работа?“ Џон ја завртел главата и гласно се насмеал. „Тоа никогаш не би го направиле! Па јас сум единствениот кој знае да управува со новиот рутер. Потребен сум им!“

„Само биди внимателен Џон, дофрлил трет колега. „Таа шармантна насмевка можеби ти помогнала да поминеш низ некои опасни ситуации, но овде можеби нема да ти помогне!“

Меѓутоа, Џон не бил внимателен. Иако ја сакал и ја ценел својата работа, во срцето чувствувал дека работодавачот не би можел да функционира без него. Затоа редовно доцнел во понеделник наутро, а повремено и во другите денови. Коментарите на шефот на смената станале сè посериозни и построги, а Џон ниту на тоа не обрнувал внимание. Така било сè додека еден ден главниот газда не го повикал Џон во својата канцеларија. „Џон“, започнал разговорот, “ти беше добар работник на многу начини. Но и покрај постојаните предупредувања на мојот шеф на смена, си доцнел повеќе пати“.

„Ах, знам“, Џон малку ја влечел ногата по подот. Се подготвувал да ја покаже онаа своја насмевка, кога газдата му дал отказ.

„Отпуштен си Џон“, едноставно му кажал. „Жал ми е, но тоа е“.

„Но, господине!“ Џон сега навистина се загрижил, меѓутоа, сепак и понатаму верувал дека некако ќе излезе од оваа напната ситуација.

„Немаме веќе за што да разговараме“, газдата ја отворил вратата и му покажал на Џон дека треба да излезе. „Имаше многу шанси. Веќе не можеме да ти ги дадеме тие шанси“. Запрепастен и збунет, Џон отишол до својот орман да си ги собере работите. „Ако навистина претпоставував дека ова може да се случи, ќе доаѓав на време!“

Иако нивните животни приказни можеби изгледаат сосема различно, Ален и Џон всушност имале различни варијанти од истиот тип на когнитивни грешки – ментално искривување кое на несоодветен начин ја менува големината на околностите, случувањата или коментарите. Ален преувеличувал кога забавното учество на својот син во Малата лига започнал да го сфаќа како нешто повеќе од детска игра. Џон ги минимизирал предупредувањата на шефот на смената. И Ален и Џон покажале значајно ниво на неточно размислување.

Преувеличувањето подразбира несоодветно претерување во придавање важност на луѓето или внимание на ситуациите, споредено со важноста и вниманието кои би сме им ги придале кога би ги набљудувале преку телескоп. 

Минимизирањето, кое е спротивно на преувеличувањето, би било процес сличен на вртењето на телескопот, така што се гледа од другиот негов крај, со што сè изгледа помало отколку што е во реалноста.

Кога во однесувањето имаме когнитивна грешка на преувеличување или минимизирање, ние всушност “им даваме важност на неважни поединости или ги занемаруваме големите и важните работи“.

Еден од начините да се запре минимизирањето или преувеличувањето е со преобликување на изразите за некои објаснувања кои си ги кажувате себе си или им ги кажувате на другите. Тоа може да изгледа како едноставна тактика, но зборовите се навистина моќни алатки. Др. Лин Кларк, во својата книга Помош за емоции (SOS Help for Emotions), опишува како негативниот разговор самиот со себе, води кон нездрави и непријатни чувства.128 Според др. Кларк ирационалниот разговор со самиот себе вообичаено почнува со три големи “мора“ (кои навистина можат да се заменат со “треба да“). Овие три главни “мора“ се поврзани со вознемиреност, гнев, депресија и останати нездрави емоции на своите “жешки директни споеви“ како што се прикажани на слика 1. Зборовите и изразите кои бираме да ги користиме можат навистина да направат разлика во начинот на кој размислуваме.

Слика 1 нуди корисни алтернативи за негативен разговор со самиот себе. Максимизирање во изборот на зборови води кон засилување на емоциите, анксиозност и можна конфронтација. Нашиот избор и одлуката да ги преобликуваме зборовите ни овозможува да видиме како може да изгледа соодветен начин за смирување на нервите и за постигнување на внатрешен мир. Изразите на десната страна се добар лек за „Не можам тоа да го поднесам…“.

Моите синови играле бејзбол со своите пријатели и станале сведоци на неправда која се случила на игралиштето. Атмосферата пламнала. Половина од учесниците во тој настан сметале дека нема да можат така лесно да поминат преку тој инцидент, додека другата половина “не можела да ја поднесе“ реакцијата на спротивниот тим. Напорите да се ублажи ситуацијата не ги згаснале распламтените страсти така што натпреварот одеднаш бил прекинат. 


Натпреварот би можел да се продолжи ако само сите се сетеле не зборовите на песната која им ја пеев на секој од своите синови секој ден пред да одат да играат. Таа песна е претставена на слика 2. и може да ви биде од корист кога ќе се најдете пред неизбежни животни фрустрации. Дали туристичкиот агент направил грешка кога ја правел вашата резервација? Дали механичарот случајно ви ја изгребал вратата на автомобилот додека ја внесувал во гаражата? Дали ви рекол нешто нељубезно? Можеби не ви се допаѓа тоа што се случило, но подобро ќе ја поднесете фрустрацијата ако си кажете самите на себе си: „Во ред е“, и „Сепак можам да го поднесам тоа!“

ТРИ “МОРА“ КОИ ПОКРЕНУВААТ НЕГАТИВНИ МИСЛИ
Три главни “морам“„Јас морам…“„Ти, тој или таа мораат да…“„Светот и условите во кои живеам мора да…“
“Врели врски“ или директни споевиосудување и проколнувањене можам тоа да го поднесаммислење дека нешто е страшночувство на безвредност“секогаш“ и “никогаш“
Чувства кои се покренатиАнксиозностГневДепресијаФрустрација

ПРЕОБЛИКУВАЈТЕ ГИ СВОИТЕ МАКСИМИЗИРАЧКИ ЗБОРОВИ
НАМЕСТО:ЗАМЕНЕТЕ ГО СО:
Морам…Не морам…Би требало да…Не би требало да…Не можам тоа да го поднесамНавистина е неподносливоБезвреден сумТоа е апсолутна лудостСекогаш го правиш тоаНикогаш не го правиш тоаБи сакал да…Не би сакал да…Би сакал да можам…Попрво не би…Тоа е тешкоТоа е навистина тешкоДрагоцен/а сумНе разбирам ништо од тоаИзгледа дека секогаш го правиш тоаИзгледа дека никогаш не го правиш тоа

Извадок од книгата: The lost art of thinking, Neil Nedlay