Текстови

Размислување според правилото сè-или-ништо (3 дел)

Продолжуваме да дискутираме на темата: размислување по правилото: сè или ништо.

Некои пхихолози погрешно го означија секое размислување според начелото сè-или-ништо како лошо, искривено и несоодветно. Меѓутоа, понекогаш таквото размислување е соодветно. Ако мислите од видот на è-или-ништо се точни, тие можат да бидат моќни мотиватори. Ова е особено вистина за оние кои се борат против зависности. Многу излекувани алкохоличари сфаќаат дека ако се напијат дури и еден пијалок, дека тоа може да биде прв чекор кон лизгав пат. Истото начело важи за многу други опасни зависности. Успешен победник над зависноста од цигари, поранешен зависник од порнографија или поранешен коцкар знаат дека една цигара, една порнографска видео снимка или една ноќ во казиното кај секој од нив најверојатно ќе предизвика лизгање кон понорот кој потоа ќе ги проголта, туркајќи ги назад во пропаст.

Во овие области, поставувањето на цели мора да биде строго одредено, затоа што кај овие прашања навистина е потребна јасна раздвоеност. Единствено со препознавање на реалните опасности, поранешниот зависник може да оствари успех и да обезбеди доживотна победа.

Уште еден добар пример на размислување според начелото сè-или-ништо се наоѓа во церемонијата на венчањето. Заветот дека личноста ,,одрекне од другите… сè додека  смртта не нè раздели” е средиштниот столб на силен, сигурен и посветен брак. Оние кои бираат заеднички живот без давање на завети чувствуваат помала сигурност, помалку се среќни, помалку продуктивни во својот однос, водат сексуален живот со помало одушевување, и помала е веројатноста дека ќе остане доживотно во овој ексклузивен однос.

Планинарот кој го изгубил јажето се држи на работ на карпата која се одронува близу до врвот над длабока провалија. Под него е 600 м. длабок понор, а тој се држи само за мала испакнатина. За него во тој момент е важен образецот на сè-или-ништо, живот или смрт, трагедија или победа. Пред да ги запишеме своите мисли по образецот на сè или ништо, потребно е поединечно да ги анализираме проверувајќи дали се вистинити. 

Соодветни ставови според образецот сè-или-ништо
,,Ако се напијам само едно пиво, мојата животна навика на пијанчење, која ми предизвикуваше цироза на црниот дроб, ќе започне повторно. Тоа ќе ја промени мојата личност; ќе ја изгубам работата, фамилијата и, на крајот, своето здравје. Само еден пијалок ме оддалечува од смртта”.,,Ако го заборавам своето резервно шишенце со кислород, ќе останем без водух кога ќе се искачам на врвот на планината. Не смеам да го заборавам тоа шишенце”.,,Ако го дадам своето бебе на посвојување, тоа ќе има далеку подобар дом – но јас никогаш нема да бидам дел од неговиот живот. Или ќе ја преземам целата одговорност околу нејзиното подигнување или ништо”.,,Ако свртам на овој излез ќе го избегнам комбето кое ми иде во пресрет, инаку тоа ќе биде мојот крај”.

Извадок од книгата: The lost art of thinking, Neil Nedlay