Текстови

Помагајќи си еден на друг

„Човекот не е остров“. Ниту еден успешен човек својот успех не го постигнал наполно сам. Некаде, некогаш и некако, други влегле во нашата животна слика и одиграле животно важна улога. Нашиот живот е толку испреплетен со животите на другите, што никој не може да живее сам за себе. Всушност, се што знаеме сме го прифатиле од другите.

Речиси се што правиме е поставено врз темелот што го поставиле други. Секој има некој придонес што единствено тој можел да го даде. Пред многу години во листот Фајненшел Тајмс се појавил еден голем оглас. На единствен начин листот го огласувал фузионирањето на големата и моќна Берклејз Бенк со многу помалечката и главно непозната Мартинс Бенк. Зад прекрасно изречените духовитости се крие важна поука за учењето што го остваруваат луѓето еден од друг:

„Некој орел излегувајќи на прошетка, дошол до еден бистар поток. Крај него стоел скакулец – дебел и весел.

  • Прекрасен ден, рекол скакулецот и лачно скокнал зад еден камен.
  • Навистина, одговорил орелот.
  • Ова е прекрасен дел на светот, рекол скакулецот.
  • Морам да признаам дека не го знам толку добро, одговорил орелот. Ниту половина толку добро како ти. Вие скакулците сте мошне паметни.
  • О, навистина, претпазливо одговорил скакулецот. Можеби би можеле да се здружиме – јас со моето познавање на околината, а ти со своите прекрасни перја… – Токму тоа и го мислев, рекол орелот и се приближил за еден чекор.
  • Но не какво било здружување, забележал скакулецот. Сум забележал како црвите се здружуваат со птиците секој ден за време на појадокот.
  • Глупости, рекол орелот, зар ме сметаш за неразумен? Што можам да добијам со тоа што ќе те изедам?
  • Па, навредено се согласил скакулецот, Се осмелувам да кажам дека сум мошне вкусен.
  • Зборуваш сешто, рекол орелот. Ако те изедам, ти нема веќе да постоиш зар не?
  • Точно.
  • Но, ако се здружиме, ти би можел да ми кажеш се за овој волшебен поток кој толку добро го познаваш.
  • Скакулецот речиси излегол од своето засолниште.
  • Би можел да те поведам на секакви места, јас многу патувам, продолжил орелот.
  • Дали ќе ме поведеш високо да летам?
  • Често.
  • И ќе ме запознаеш со некои свои големи пријатели?
  • Со задоволство?
  • Обајцата застанале.
  • А јас би можел да те научам да скокаш, радосно рекол скакулецот.
  • Тоа навистина никогаш не сум го совладал, одговорил орелот. Се сомневам дека кога и да е ќе успеам, но би сакал да се обидам.
  • И отишле да ги утврдат и да ги извршат формалностите. Така големата и малечката банка решиле да ги соединат своите сили.“