Текстови

Како е составена Библијата

Библијата содржи многу книги. Тие не се распоредени хронолошки, напротив, тие се групирани според содржината.

Првите пет книги го образуваат она што е наречено Петокнижие. Петокнижието ги вклучува петте книги кои ги напишал Мојсеј: Битие, Излез, Левит, Броеви и Второзаконие. Во овие книги е опишано создавањето на светот и одредени настани кои се однесуваат на Израилците, исто како и голем број на одредби и заповеди.

Следниот сет на книги – Исус Навин, Судии, Рута, 1 и 2 Самуилова, 1 и 2 Царевите, Летописи, Езра, Немија и Естира ни даваат чиста слика на Божјата интервенција во животот на својот народ (Израилците). Во овие книги може да се согледаат сите атрибути на Бог.

Јов, Псалмите, Мудри изреки, Проповедник и Песна над Песните се смета дека се книги на Мудроста. Тие содржат, поезија, молитви, пророштва и учења за живеењето и добриот живот.

Остатокот од книгите во Стариот Завет се списи на пророци. Овде се вклучени Исаија, Еремија, Плачот на Еремија, Езекија, Даниел, Осија, Јоил, Амос, Авдија, Јона, Михеј, Наум, Хабакук, Софонија, Агеј, Захарија и Малахија.

Новиот Завет содржи четири секции:

Евангелијата – Матеј, Марко, Лука и Јован – ни даваат поглед на Исусовиот живот и неговите учења.

Дела на апостолите е запис за историјата на раната Црква и работата на Светиот Дух.

Посланијата или писмата се учења кои имаат за цел да ги водат верниците во нивниот живот со Исус Христос.

Јовановата визија за Второто Исусово Доаѓање, како и настаните кои му претходат и следат се запишани во книгата на Откровение. Ова е многу важна книга, која е од витално значење за сите Христијани во овие последни денови.