Милиони адвентисти овој викенд ќе се молат за двајца свои членови кои се погрешно обвинети и затворени во западноафриканската држава Того.
Адвентистичкиот пастор Антонио Монтеиро и Бруно Амах беа приведени во март, кога еден граѓанин на Того имплицираше дека се наводно вмешани во мрежа на нелегална трговија со човечка крв. Црквата изјави дека полицијата во Того нема пронајдено никакви докази за таквата вклученост.
На почетокот на месец ноември претседателот на генералната конференција, Тед Вилсон ја повика црквата да се моли на 1 декември, овој ден да биде меѓународен ден на молитва и пост за подршка на овие двајца мажи.
Ресурсите за 1 декември – ден на молитва и оваа кампања се преведени на многу јазици, од руски и романски до шпански и свахили. Реклами, видеа и банери се поставени на веб страниците на многу локални цркви и лични facebook страни. Кампањата на twitter e #pray4togo.
Покрај тоа беше организирана и онлајн петиција за подршка на денот на молитва со повеќе од 7.000 потписи.
Монтеиро е роден во Кејп Верд, служел во саботната школа и личната служба уште од 2009 год. како водач во Унијата Сахел, со седиште во Ломе, Того.
Неговиот обвинител претходно призна убиство на 20 млади девојки, тврдејќи дека работел за криминален синџир кои се занимавале со шверц на човечка крв. Овој човек се сретнал со Монтеиро кога пасторот претходно му служел нему.
На 29 ноември во Ломе, црковните претставници одржаа прес-конференција за да ја прошират и потврдат оваа кампања за ден на молитва.
„Овие лица се лишени од слобода и приведени во граѓански затвор во Ломе без никаква вина, без никакви докази или индикации за некаква нивна блиска или далечна поврзаност со овој случај„ – изјави Гај Ф. Роџер претседателот на Сахем Унијата. Адвентистичката црква не смее да молчи за она што се чини како голема неправда.
Официјалните претставници на црквата истакнаа дека 1 декември е ден на молитва за подршка на затворените членови. Црковните лидери ќе продолжат да се среќаваат со дипломатите и владините лидери за да се забрза нивното ослободување.
Роџер изјави дека адвентистичката црква во Того ќе продолжи да соработува со владата во промовирањето на образованието, младинско советување и хуманитарна помош.
Приитисокот од јавноста да се реши серијата убиства од мината година, веројатно го спречија ослободувањето на лицата и разрешницата – изјавија претставници на црквата. Пред апсењето на Монтеиро, групата за човекови права ја обвинија полицијата на Того дека не се ангажира доволно за да го реши криминалот.
Вилсон се сретна со двајцата мажи во затворот при неговата посета на Того, на почетокот на ноември.
„Бараме црквата на адвентистите на седмиот ден насекаде во светот да се придружи во молитва и пост на 1 декември„ – изјави Вилсон.