Текстови

Божја торта

Понекогаш се прашуваме, „Што направив за да го заслужам ова?“ или „Зошто Бог го дозволува ова на мене?“.

Еве одлично објаснување!

Ќерката и раскажува на мајка и како се и оди наопаку, како паднала на алгебра, дечкото и раскинал, а најдобрата другарка се сели.

Во меѓувреме, мајка и прави торта, и ја прашува ќерка и дали би сакала парче, и ќерката одговара „Апсолутно, мамо, ја сакам твојата торта.“

„Еве,земи малку масло за готвење“, и понудила мајка и.

„Бљак“ – рекла ќерка и.

„А дали сакаш неколку свежи јајца?“

„Ужас, мамо.“

„Тогаш, дали сакаш малку брашно? Или прашак за пециво?“

„Мамо, сите тие се одвратни.“

Мајката одговорила: „Да, сите тие сами по себе изгледаат лошо, но кога ќе се состават на вистинскиот начин, тие прават прекрасна вкусна торта.“

Бог делува на истиот начин. Многу пати ние се прашуваме зошто Тој дозволува да поминеме низ тешки и лоши времиња. Но Бог знае дека кога сите ќе ги стави во Негов ред, тие секогаш излегуваат на добро.

Ние само треба да му веруваме, и евентуално, тие ќе направат нешто прекрасно.