Текстови

ЖИВОТ БЕЗ БОГ

– Најважното прашање на денешницата не е прашањето на односот помеѓу комунизмот и капитализмот, истокот и западот, или богатите и сиромашните. Најважното прашање е

– Дали може човек да живее без Бог ? – Вил Дјурант.

Фројд размислува за истата проблематика во книгата:,, Цивилизацијата и нејзините искинати врски”. Тој истакнува дека науката и технологијата ни помогнале да ја контролираме природата и да ја исполниме најголемата желба на минатите цивилизации – да станеме богови.

Заклучува дека сме постанале како богови, а потоа се запрашува:

Зошто тогаш не сме среќни ? Следува искрен одговор – не знам.

Современиот човек се одвоил од Божјото влијание. Ако понекогаш го спомене Бог, тој го прави тоа на сентимантален начин за време на некои празници. Или во мака, кога му треба нешто, а потоа го продолжува својот живот полн со материјални вредности.

Чувството на бесмисленост не го исполнува нашиот живот само затоа што сме измачени со страдање и болка, туку и поради нашата презаситеност од задоволства и уживања. Бесмисленоста настапува поради непознавањето на целта и важноста на постоењето, тогаш нашиот живот ја губи вредноста.

Има нешто што ни е оставено да постојано не потсетува

…им ја всадил вечноста во нивните срца… (Проп.3,11)

Вечен живот со Бог – се што е помалку од ова е бесмислено.