Текстови

Прекрасниот ум Негов

Прекрасниот ум Негов
Морска шир
Од Него светлината што излегува
Илјада сонца
Зборовите Негови што се редат
Златни бројаници
Допирот на Неговата рака
Илјада рани лекува
Тој, водата ја смирува
Тој, Сонцето го згаснува
Тој, златото го потемнува
Тој, раните пак ги отвара
Тој, храмот го руши и изградува
Тој, на Светот благодат му нуди
За деновите Негови што идат
Да бдееме со молитва и надеж
Деновите Негови,блиска иднина
Дојди,дојди, дојди