Текстови

СЛУЖБАТА НА ПРИСТАВОТ

Бог е Творец на овој свет и затоа е сопственик на се што е на него. Се што имаме сме добиле од Него (1.Мој.1,26-28).

Ние сме пристави, управители на Господовиот имот. Ние на Бога му должиме за нашиот живот, за дишењето и за се, Тој со својата сила не одржува (1.Мој.2,15; Дела 17,24-28).

Во знак на благодарност за Неговите обилни дарови, Творецот бара да се грижиме за овој прекрасен свет што го создал Тој да биде наш дом. Неговите извори мораме да ги употребуваме мудро и несебично. Затоа што на Господа му должиме благодарност за дарот на животот, Тој има право да бара Нему и на нашите ближни да им го посветиме нашето време, нашите способности и сили.

Во знак на признавање на сопственоста над се и во знак на признавање на нашата заедница со него, Бог бара да му вратиме една десетина од се она со што не благословил, десеток, и да и го дадеме на Црквата за потпирање на проповедањето на Евангелието (Псалм 24,1; 5.Мој.14,22; 4.Мој.18,21; 1.Корин.10,9-14). Десетокот Бог го смета за свој и враќајќи му го на Бога, ние не даваме од нашето, туку едноставно му го враќаме долгот. Да не му го дадеме на Бога Неговиот дел е кражба (Малахија 3,8.9). Даровите што ги даваме покрај десетокот ја покажуваат нашата љубов кон Бога и степенот на нашата великодушност (5.Мој.16,17; 2.Корин. 9,7). Како и со посветувањето на саботата (една седмица од нашето време) така и со враќањето на десетокот (една десетина од нашиот доход) ние го признаваме Бога како сопственик на се.

Од стариот Израел се барало да дава и друг десеток; Всушност нивниот придонес за верски и добротворни цели се качувал до една четвртина од нивниот вкупен доход. Некои посовесни му давале дури и една третина од сите свои приходи на Бога. Зар задачата евангелието да му се објави на цел свет во ова поколение бара помалку од нас? Дали христијаните ќе бидат помалку великодушни кон својот Избавител отколку што биле Евреите.

Искорнете ја себичноста

Мудриот Творец ни дал план за давање на десеток и принос со цел да не одвикне од нашата длабоко вкоренета себичност. Исус рекол: Каде што е вашето богатство, таму ќе биде и вашето срце! (Лука 12,34). Систематското давање ни помага нашите очи да ги одвратиме од поминливото богатство на оваа Земја и да ги насочима кон ризницата на небото.

Сите божествени барања се придружени и со ветување на благослов за оние што ќе ги исполнат: Донесете ги сите десетоци прад вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот; зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек? Заради вас ќе им забранам на оние што ги изведуваат плодовите земни, и лузата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот (Малахија 3,10,11).

Не е тешко да се најдат докази дека Бог ги исполнува своите ветувања. За тоа може да ни посведочи секој што ги прифатил нив, а ќе ги најдеме во нашиот сопствен живот и во нашето искуство ако го прифатиме Божјиот план на системетското давање според примерот што ни е објавен во Светото писмо.

Да се биде Божји пристав е предимство што ни го дал Бог. Верните пристави се радуваат не само за благословите што самите ги примаат, туку и за оние што ги добиваат ближните како резултат на нивната верна служба.