Седмиот ден во секоја седмица, саботата, е библиски ден за одмор. Таа е спомен на Божјата творечка дејност, кога добриот Творец го создал светот за шест дена и се одморил во седмиот (Мој.2,1-3). Таа е и знак на нашето избавување во Исуса Христа (Евреите 4,9), потсетувајќи не дека Оној кој во почетокот создал се и истото го прогласил за мошне добро (Мој.1,31), не ослободил од власта на гревот и не вовел во своето вечно царство (Колс.1,13), и дека еден ден Тој ќе обнови се (Отк. 21,5).
Четвртата заповед на Декалогот не повикува да мислиме на денот за одмор и да го празнуваме. „Шест дена работи и свршувај ги сите свои работи! А седмиот ден е сабота, починка посветена на твојот Господ Бог. Во тој ден не работи никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твоето живинче, ни странецот што ќе се најде внатре во твојот дом! Зашто и Господ шест дена ги создаваше небото, Земјата и морето и се што е во нив, а во седмиот ден си почина. (2.Мој.20,8-10).Оваа божествена заповед е непроменлива во своите барања. Денот за одмор пред паѓањето во грев; тој ќе се празнува и на Новата земја (Исаија 66,23).
Ако го следиме Христа и искрено се трудиме да ја почитуваме Неговата волја, заповедта за саботата нема да ни биде товар. Господарот на саботата Христос (Марко 2,27.28), живее во нас со својот Свети Дух и барањата на својот вечен Закон ги врежува на месестите плочи на нашето срце (Езекил 36,26; Евреите 8,10). Наместо да биде ден на потиштеност и на ограничувања, саботата е милина, свет ден посветен на Господа (Исаија 58,13). Таа е симбол на нашата слобода во Христа. Бидејќи тој не ослободил од робувањето на злото и на нашата стара природа, ние можеме радосно да влеземе во Неговиот ден за починка.
Саботата е посветен ден. Врз неа почиваат Божјите благослови и ја прават различна од другите денови. Тоа е ден кога се ослободуваме од сите наши работи и грижи и од трката за заработувачка и потполно се свртуваме кон духовната трпеза што ја поставил Бог пред нас. Ние почитуваме во него, собирајќи се на богослужение(Евреите 10,25), усовршувајќи се меѓусебно во братска заедница (Евреите 10,24) и ставајќи им се на располагање на оние на кои им сме неопходни, според примерот што ни го оставил Исус (Јован 5,1-17). И на тој начин, преку саботата, нам ни се дава можност однапред да почувствуваме и да го доживееме она што ни ги приготвува за вечноста. Во тој ден во дух се соединуваме со светите од сите векови што ќе се соберат околу небесниот престол да го слават Бога за спасението што им го дал во Исуса Христа (Евреите 12,18-24).
Благослов за сите народи
Иако саботата му била објавена на Израел преку десетте заповеди дадени на Синај, Божја намера била таа да им биде на благослов на сите
ПОМНИ ГО ДЕНОТ САБОТЕН ЗА ДА ГО ПРАЗНУВАШ. ШЕСТ ДЕНА РАБОТИ И СВРШУВАЈ ГИ СИТЕ СВОИ РАБОТИ! А САДМИОТ ДЕН Е САБОТА, ПОЧИНКА ПОСВЕТЕНА НА ТВОЈОТ ГОСПОД БОГ. ВО ТОЈ ДЕН НЕ РАБОТИ НИКАКВА РАБОТА: НИ ТИ, НИ ТВОЈОТ СИН, НИ ЌЕРКАТА ТВОЈА, НИ ТВОЈОТ СЛУГА, НИ ТВОЈАТА СЛУГИНКА, НИ ТВОЕТО ЖИВИНЧЕ, НИ СТРАНЕЦОТ ШТО ЌЕ СЕ НАЈДЕ ВНАТРЕ ВО ТВОЈОТ ДОМ! ЗАШТО И ГОСПОД ШЕСТ ДЕНА ГИ СОЗДАВАШЕ НЕБОТО, ЗЕМЈАТА И МОРЕТО И СЕ ШТО Е ВО НИВ, А ВО СЕДМИОТ ДЕН СИ ПОЧИНА. ЗАТОА ГОСПОД ГО БЛАГОСЛОВИ СЕДМИОТ ДЕН И ГО ПОСВЕТИ. (2.МОЈСЕЕВА 20,8-11).
Требало да ја почитуваат и во неа да најдат радост дури и туѓинците(Исаија 56.4-7). На ист начин, во последната вест на опомена што им ја упатил Бог на луѓето, симболично преставена со тројца ангели во Откровението 14,6-12, мажите и жените повторно се повикани да го признаат Бога како Творец на се и да ги држат Неговите заповеди. И така, во последно време, саботата добива ново значење и станува посебен пробен камен на верноста кон Бога во времето на сеопштиот отпад (Види: Отк. 13,8-14,15).
Како движењето на сонцето на небото во текот на седмицата што ги разграничува деновите и го изделува секој седми ден како ден за одмор што го воспоставил Бог, така и границите на саботата се одредени со заоѓањето на Соцето: Од вечерта до вечерта празнувајте ја својата починка! (3.Мој. 23,32); види и Марко 1,32).
При создавањето Бог ја изделил саботата и ја посветил за себе (1.Мој. 2,1-3). Сега го изделува од светот својот народ и го благословува (1.Петрово 2,9.10). Од седмица во седмица, додека ја празнуваме саботата, ние се уверуваме дека тој свет ден е знак меѓу Бога и нас, така што знаеме дека тој е Бог кој не посветува (2.Мој.31,13).