Текстови

ГИ ЗНAЕШ ЛИ НЕБЕСНИТЕ ЗАКОНИ?

Ова прашање,како и многу други во книгата за Јов, Бог му ги поставува без посредник на патријархот Јов. Овој податок укажува дека изјавата по својата содржина има големо значење. Во неа се откриваат темелите на кои почива универзумот и неговото првостепено значење во однос на Земјата. Во тој привиден неред, хаос во меѓуѕвездениот распоред, постои ред, кој овде во насловнииот текст е посочен.

Денес многу добро знаеме дека навистина постои, и тоа на многу сложен начин. Нив ги истражува „астрономијата“ која се состои од двата грчки збора “астрон“ – ѕвезда, и „номос“-закон.

Откритието за постоење на небесниот ред одело полека. До пред 200 години за него малку се знаело. Со понатамошното истражување на небесниот ред, се добивала се поточна слика за распоредот на ѕвездите. Со помош на фотографски снимки направени врз небесните објекти, добиени се подетални информации.

Впечатливи се и различните бои кај групираните ѕвезди,што и дава на вселената восхитувачки изглед.(Vasiona u Bibliji – Mr sci. Radomir Grujić ) И библијата го спомнува ова небесно множество: „Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Он сите нив ги нарекува по име,поради големата моќ и големата сила во Него ништо не недостига“. (Исаија 40.26 ) Како што гледаме, Бог со откривањето на тајните на вселената, му дава на современиот човек многу податоци за своето постоење и делување.