Текстови

Молитва

Драги Боже Ти благодарам што можам да зборувам со Тебе и што Ти си мојот најблизок Пријател. Сакам молитвата да ми стане се повеќе и повеќе дел од мојот живот, така што секое нешто што го правам биде молитва што ме приближува се повеќе до Тебе.
Амин

Молете и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли, добива кој бара наоѓа и на оној којчука ќе му се отвори.
(Матеј 7:7-8)

И се што ќе побарате во молитва со вера ќе добиете.
(Матеј 21:22)

Каква е користа од молитвата ако во истиот момент на молитвата ние имаме толку малку доверба во Бог што сме зафатени со планирање на наш начин на одговор на молитвата?
Thomas Merion

Штом го чуе твојот пискот веднаш ќе ти се смили штом ќе те чуе ќе те послуша.
(Исаја 30:19)

Тогаш ќе Ме повикувате, ќе доаѓате кај Мене ќе Ми се молите и Јас ќе ве слушам.
(Еремија 29:12)

И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека не слуша ако просиме нешто по Неговата волја. И кога знаеме дека не слуша што и да Го молиме знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.
(1Јованово 5:14-15)

И што и да побарате во Мое име ќе направам за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во Мое име Јас ќе го направам.
(Јован 14:13-14)

Пред да Ме призоват Јас ќе им одговорам уште ќе зборуваат а Јас веќе ќе ги послушам.
(Исаја 65:24)

Во оној ден нема да ме прашате за ништо. Вистина вистина во велам: што и да молите од Мојот Татко во мое име ќе ви даде. Досега ништо не баравте во мое име барајте и ќе добиете за да биде вашата радост полна.
(Јован 16:23-24)

Ќе Му се молиш и ќе те послуша ќе ги исполниш своите ветувања.
(Јов 22:27)

И така исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила!
(Јаков 5:16)

А ти кога се молиш влези во својата скришна соба затвори ја вратата и помоли Му се на твојот татко Кој е во тајност и твојот Татко Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.
(Матеј 6:6)

Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас барајте што и да посакате и ќе ви биде.
(Јован 15:7)

Ќе ме повика а јас ќе го услишам со него ќе бидам во неволја ќе го спасам и ќе го прославам.
( Псалм 91:15)

Далеку е Господ од нечесните а ја слуша молитвата на праведните.
(Пословици 15:29)

Ти ја послушуваш молитвата. Секое тело доаѓа при Тебе.
(Псалм 65:2)