Текстови

РЕШЕТЕ ГИ ПРОБЛЕМИТЕ СО СТОМАКОТ

Секој од нас понекогаш има проблеми со варењето, мачнина или надуеност во стомакот. Овие тегоби можат релативно лесно да се надминат со мали промени во животните навики или исхраната.

ЗАПЕК

Под запек се подразбира неуредно празнење на цревата така што минуваат и по неколку дена без да се изврши таа потреба и потребен е напор за да се испразнат цревата.

Се препорачува да се јаде повеќепати во тек на денот, но оброците да се мали по количество. Треба да се пие повеќе течност во тек на денот, од шест до осум чаши дневно (вода, компот, чај, природни сокови…).

Секогаш одете во тоалет кога ќе ја почуствувате потреба и немојте да трпите и да чекате ,,погоден момент,, . Треба да јадете храна богата со влакна: мешунки, компир, интегрални житни зрна, овошје, зеленчук, интегрален ориз…

СИНДРОМ НА НАДРАЗНЕТИ ЦРЕВА

Тегобите се јавуваат како преголема чуствителност на храна, со болки и гасови во стомакот. Редовно јадете во тек на денот (особено е важен појадокот). Избегнувајте премногу солена, лута, премногу масна и зачинета храна. Намалете со пушење, кафе, газирани и алкохолни пијалаци. Користете често јогурт или биојогурт во исхраната. Избегнувајте храна за која сте заклучиле дека ви пречи и не ви одговара.

НАРУШЕНА ЦРЕВНА ФЛОРА

Флората во цревата може да се наруши со неправилна исхрана, долго земање антибиотици, стрес, благо труење на стомакот…

Јадете здрава храна со многу овошје и зеленчук. Намалете го количество шеќер во исхраната. Немојте да носите тесна облека која ви го стега стомакот и го отежнува варењето.

СОВРЕМЕНИ ЖИВОТНИ НАВИКИ

Современиот начин на живеење незабележливо не воведува и во нездравата исхрана, што се одразува и врз нашиот стомак и врз нашите органи за варење. Особено е штетно за стомакот и за органите за варење тоа што многу време минуваме седејќи (компјутер,ТВ, работното место, училиште, автомобил…)

Затоа јадете четити-пет полесни оброци во тек на денот, но не со преголеми паузи меѓу нив.

Избегнувајте обилни оброци, масна и неквалитетна храна. Подалеку од масните грицки како крекери, чипс, смоки… Седете додека јадете и џвакајте темелно и пополека. Избегнувајте вештачки засладувачи во храната. Редовно практикувајте физички активности: спорт, прошетки, престој на чист воздух.

Ако често имате проблеми со стомакот проследени со болки, сепак обратете се на лекар за да ја дознаете вистинската причина за проблемите и да најдете вистински начин на лекување.