Текстови

Запрете навреме!

Рим. 13,10. „Љубовта не му прави зло на ближниот.“

НЕОДАМНА прочитав една налепница на браникот од автомобилот кој поминуваше пред мене: „ЗАПРЕТЕ НАВРАМЕ!“ Тоа ме потсети на проповедта што скоро ја слушнав во црква. Беше спомнато дека Библијата го забранува озборувањето и клеветењето со кои ги повредуваме луѓето кои живеат околу нас. Не смееме, ни е речено, да ги употребуваме зборовите кои ќе го повредат некого. И кога ќе добиеме желба некого да го клеветиме , мораме да го „запреме нашиот јазик навреме“.

И ако некој ви дошепне дека Ќире е обичен лажго, запрете навреме и немојте да ја пренесете таа лага на некој друг.

И кога ќе дојдеме во искушение барем малку некој да го озборуваме, да вдишеме длабоко и да се сетиме дека мораме да ги запреме тие негативни чувства, се со цел да не им наштетиме на нашите ближни.

Средство со кое ќе го спречиме озборувањето и клеветата кои понекогаш се појавуваат во нашите мисли, се цитатите од Библијата кои директно не опоменуваат: „Сакај ги своите ближни како самиот себеси. Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на законот“ (Римјаните 13: 9.10).

И секогаш кога сме во искушение нешто лошо да проговориме за некој, дури и ако е тоа вистина, да побараме помош од Бога, да запреме навреме за да не го „раниме некој тешко“. Да си замислиме како би ни било нам кога нас некој силно би не „удрил“ и со таа повреда би не ранил.

Боже, сочувај го нашиот јазик од лоши зборови! Нека нашите мисли како и изговорените зборови ти бидат Тебе угодни, а на ближните за духовна изградба.

Ако сакаш да ја запреш клеветата, не ја повторувај!