Текстови

Како можам да бидам слободен од порнографијата (и останатите зависности)?

Порнографијата е еден од најтешките гревови со кој човекот може да се избори, со оглед на тоа дека се поврзува со основните инстинкти на човекот. Како со секој друг грев или навика, откажувањето нема да биде лесно. Но, постојат неколку чекори кои можат да се преземат додека Светиот Дух работи внатре во човекот.

Прво, кога ќе ја сфатите дека имате проблем и најискрено одлучите дека ви ТРЕБА помош, ќе треба да најдете некој од истиот пол на кој му верувате и со кој можете да бидете отворени (можеби партнер во молитвата). Задолжително морате да донесете одлука дека сакате да се промените. Направете договор со одбраната личност дека секогаш кога ќе добиете желба да гледате порнографија, ќе се молите за другата личност. Истото нека го прави и другата личност. Ова ќе ги исфрустрира напорите на Сатаната, бидејќи секојпат кога ќе ве искушува, тоа ќе предизвика да се молите за другата личност и обратно.

Ќе треба големо влијание на Светиот Дух и многу време во молитва. Кога Господ споменува дека лицето на Каин се помрачило поради љубомората кон неговиот брат Авел, му вели: Зарем, кога правиш добро, не го креваш ли лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти НАДВЛАДАЈ ГО! (1.Мојсеева 4,7)

Забележете дека Господ пробал да му помогне на Каин. Меѓутоа Каин одбрал да не го послуша советот. Конечно, прифатете го советот на Јаков во Новиот Завет: “ Спротиставете му се на злото и тоа ќе побегне од вас“. Спротиставувањето подразбира акција, не пасивност. Превземи акција против ѓаволот и твојот грев, преку молитва и читање на Библијата и исполни го својот живот со добри нешта и со добри луѓе.

Овие совети можат да се применат и при борбата со сите други зависности (алкохолизам, цигари, играње видео игри, претерано гледање ТВ, озборување). Нека Бог ви помогне во изградбата на вашиот христијански карактер.