Текстови

КРШТЕВАЊЕ ВО НОВИ САД

Во преполната сала на Христијанската Адвентистичка црква во Нови Сад на 25.04.2009год. шест млади особи ги предадоа своите животи на Христа.

Младите кои беа крстени се од Адвентистичката гимназија Живорад Јанковиќ. Во овој број на крштеници беше и Михаилова Радица од Кавадарци.

Целата програма таа сабота беше посветена на младите крштеници. Учесниците на богослужението кои беа од гимназијата посебен акцент дадоа на тоа колку е важно кога еден млад човек го предава својот живот на Христа, а пасторот Јован Жеравица во главната порака тоа го потврди кога после проповедта апелираше и други меѓу присутните да го предадат животот на Христа. Зачудувачки беше бројот на пријатели што излегоа напред пред пасторот за тој да се моли за нив. Беше прекрасно чуството да се присуствува на овој свечен чин на крштевање и гостопримството што го покажаа во гимназијата.