Текстови

ПРЕДАВАЊА ВО СКОПЈЕ

Во организација на издавачката куќа “Знаци на Времето“ од Скопје од 11-15 март 2009 година во салата на домот на АРМ во Скопје се одржаа здравствени предавања под наслов “Сkриени тајни во човекот и науката“ во кој учество зеде предавачот Др. Б.М. од Бања Лука (Босна и Херцеговина). Др. Б.М. кој е автор и водител на две научно-популарни серии, “Мистерии на создавањето“ и “Закони на здравјето“ и претседател на природнонаучните студии во Бања Лука со својот настап го привлече вниманието на големиот број на пријатели кои секоја вечер ја полена салата. Во рамките на оваа серија беа опфатени следните теми: Мистерија за потеклото и законите на здавјето, Чудесен ум и репрограмирање на мозокот, Еволуција или создавање, Технологија на новиот милениум и Мистичната медицина и лековите на древните народи.

Секоја вечер посетителите имаа можност да поставуваат прашања и да се снабдат со ДВД дискови, одржани предавања од предавачот и со книги од полето на здравјето. Му благодариме на Бога за можноста што на овој популарен начин беа изнесени големите вистини за тајните сокриени во човекот и науката!

 

Томе Трајков

Пастор во Скопје