Текстови

КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА ,,АВЕНИС,, ВО СКОПЈЕ

На 20 март 2010 година музичката група “Авенис“ од црквата Петар поп Арсов гостуваа во месната црква Влае во Скопје каде во присуство на поголем број на верници, пријатели и гости изведоа осум песни во прослава на Господа.

Имено групата “АВЕНИС“ на латински “Авену“ што во наш превод значи “Татко наш“ е млада тинеџерска група составена од шест члена (Милисав, Благоја, Филип, Ивана, Мила и Даниел) формирана е пред две години. За овој краток временски период одржале неколку концерти во Македонија. Својствено на групата Авенис е што тие негуваат црковна духовна музика чии автори се самите членови на поедини песни. Им посакуваме многу успех во понатамошните нивни активности. Бог да ги води и благослови, и да им даде нови искуства во нивните млади животи!

 

Пастор

Томе Трајков

Скопје