Текстови

Извештај од Струмичкиот округ

На 07.04.2012 година црквата од Струмица направи еден проект кој се совпадна со Светскиот ден на здравјето кој во цел свет беше организиран под мото “Здрава Храна за Подолг Живот“. Верниците од Струмичката црква направија пакетчиња со овошје, со што сакавме да ги повикаме болните на поголема грижа и одговорност кон начинот на исхраната и да што помалку работа им создаваат на докторите.

По тој повод на секој болен покрај овошјето му беше даден и трактат со наслов “Здравјето и Среќата При Рака“ и Нов Завет. Сево ова беше реаализирано на Интерно оделение во Струмичката болница.

И персоналот не беше изоставен од нашиот проект и при оваа средба им врачивме по една книга од Елен Г. Вајт „Совети за Животот и Исхраната„ како и трактат и Нов Завет. Имаше големо интересирање од страна на персоналот за стилот на животот кој ние Адвентистите го имаме.

Проектот Здрава храна за Подобро Здравје беше спонзориран од локалните верници како и од Мисијата.

Ѓурица Пастоњицки