Текстови

БЕВМЕ ПРЕДУПРЕДЕНИ!

Уште еден филм кој зборува за уништувањето на светот, овие денови имаше своја премиера. Веќе некое време Hollywood е многу заинтересиран за апокалиптичните тематики, кој се на големо застапени во многу филмови. Помеѓу режисерите и сценаристите се истакнува Roland Emmerich кој пред неколку години (2004) “не воодушеви” исто така со еден дел на слична тематика The Day After Tommorow, а уште порано со Independence Day (1996, кој би кажал дека поминало толку време, зарем не?). Во истиот правец на преживување, само е во прашање едно племе (симболиката е јасна), е направен и неговиот минатогодишен хит 10,000 BC.

Значи, работата на овој филм е на големо позната на поголемиот број луѓе заради моќните индустрии за реклами. Но она што некако посебно доаѓа од изразот во овој филм е нејзин акцент на слабата вера, додека науката, парите и мала доза на среќа на големо помагаат во преживувањето на светот.

Во тој правец оди и сцена во која познатата слика од сикстинската капела во Рим пука на местото каде што Божјите прсти и прстите на Адам се допираат. Соработникот Emerich во пишувањето на сценариото, Harald Kloser успеал да го убеди да Чаба во Мека да остане здрава (заради страв од клетва). Колосалната статуа со ликот на Исус во Рио де Жанеиро не ја имаше таа среќа: можеби заради помисла дека Христијаните не фрлаат клетви.

Исто така е интересна сцената во која претседателот на САД (а кој би друг?) со црна боја на кожа (Danny Glover) го цитира Псалм 23 како молитва за свет кој исчезнува, но преносот е прекинат во моментот кога тој кажува: Господ е пее…(продолжението е: пастир мој).

Негативното прикажување на Христијанската религија (или барем на нејзиниот организациски изглед) се гледа низ исто таква слика на католичкото свештенство кој се единствени представници на христијанството во филмот и кој умираат – тибетанскиот монах е меѓу преживеаните.

Иако секоја религија, па и христијанство, има многу причини за критики, изгледа дека ова некако е еднострана критика која во потполност ја отфрла верата како помош во преживувањето не само на есхатолошката апокалипса, туку со самото тоа и било кој друг проблем во животот. Дали со тоа е отфрлена и самата идеа за Бога, нека секој одговори за себе.

www.adventisti-bih.com