Текстови

СПАСИ ЈА МОРСКАТА ЅВЕЗДА

Едно момче шетајќи по брегот на океанот наишло на илјадници морски ѕвезди кои водата ги исфрлила на брегот. Плимата се повлекувала и поради некоја чудна причина морските ѕвезди останале на суво. Сите биле осудени на смрт бидејќи не можеле да опстанат на жешкото сонце, без вода, до следната плима. Момчето тоа го сфатило и почнало брзо, една по една, да ги фрла назад во водата.

Човекот кој шетал по брегот го видел оваа момче и му довикнал: Еј момче што правиш?Зар не гледаш дека на брегот има илјадници морски ѕвезди? Познато ли ти е дека овој брег се протега со километри и километри? Не е можно да ги спасиш овие морски ѕвезди!

Момчето се замислило, но по кратко време се свртело кон човекот, земајќи една ѕвезда, и му рекло:Знам, но оваа можам да ја спасам. И ја фрлил во океанот што е можно подалеку.

ПРИМЕНА:

Често пати се обесхрабруваме бидејќи не можеме да ги решиме сите проблеми на светот, гледајќи како многу наши пријатели и членови од семејството не го прифаќаат Христа или пак не успеваме да го направиме се она што мислиме дека Бог го очекува од нас. Но, нешто можеме да направиме. А, да се направи нешто секогаш е подобро отколку да не се направи ништо.Не ќе можеш целиот свет да го придобиеш за Христа. Но, пак затоа Божјата љубов можеш да ја поделиш со една личност. Писмото ни вели дека небото се радува и само на една спасена личност. Не можеш да направиш се, но можеш да направиш многу повеќе отколку што мислиш. Тоа што го правиш Бог ќе го прифати, благослови и умножи како што направил со оброкот на малото момче кај Галилејското езеро. Затоа земи ја морската ѕвезда и фрли ја. Тоа е се што Бог очекува од тебе. Останатото препушти му го Нему.