Зошто Исус ја здиплил линената крпа наменета за Неговиот погреб, после Неговото воскресение?
Никогаш до сега не го забележав ова……
Во Евангелието на Јован (20:7) пишува дека крпата која била ставена преку лицето на Исус, не била само фрлена на страна како и останатите повои во кои Исус бил повиен при Неговото погребение. Библијата посветува еден цел стих со цел да ни каже дека крпата била внимателно здиплена и оставена на страна.
Во првиот ден на седмицата, рано додека уште беше темнина, Марија Магдалена дојде на гробот и виде дека каменот од гробот е поместен. Тогаш отрча и дојде при Симона Петара и при другиот ученик кого Исус го љубеше, и им рече: “Го дигнале Господа од гробот и незнаеме каде Го положиле!“ А Петар и другиот ученик излегоа и одеа кон гробот. Имено, и двајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петра и стигна прв до гробот. Се наведна и виде линени повои, како лежат, но не влезе внатре. По него стигна Симон Петар, па влезе во гробот и ги виде повоите како лежат, а крпата што беше на Неговата глава, не беше заедно со повоите, туку беше свиткана одделно, на едно место. (Јован 20:1-7)
Дали е тоа важен момент? Апсолутно ДА !
Со цел да го разбереме значењето на здиплената/свиткана крпа, треба најпрво треба да го разбереме Еврејскиот обичај за тој момент. Овој обичај е поврзан со релацијата Господар и Слуга, и е многу популарен обичај со кој секое еврејско дете е запознаено.
Имено, кога слугата ја сервира масата за да вечера неговиот господар, ја поставува на начинот на кој господарот сака. Кога веќе масата е совршено поставена, слугата го чека својот господар да вечера, притоа не осмелувајќи се ниту да ја допре масата, се додека господарот целосно не заврши со својата вечера. Откако господарот ќе заврши со јадењето, ќе стане од масата, ќе си ги избрише устата, брадата и прстите, а потоа крпата ќе ја фрли згужвана на масата.
Тоа е знак за слугата дека може да ја исчисти масата. Значи, згужваната крпа значела “Готов сум!” Но, ако господарот стане од масата, и ја здипли својата крпа и ја постави покрај чинијата, слугата нема ниту да се осмели да ја допре масата, затоа што….
Здиплената крпа значи “ЈАС се враќам! “