Текстови

ПЛАН НА СПАСЕНИЕТО

Човекот ја прекршил Божјата заповед (1.Мој. 2,17) и со тоа навлекол на себе тешки последици. Гревот ги ослабел физичките и духовните сили, го затемнил во него Божјиот лик (Рим.3,23) и го одделил од Бога, од изворот на животот и среќата (Исаија 59,1.2). Со гревот човекот ја загубил својата првобитна татковина – едемскиот рај, како и првобитната власт над земјата која преминала во рацете на узурпаторот – сатаната – кој од сега се нарекува „кне зна овој свет„ (Јован 12,31). Но Бог во својата голема љубов не се оѕкажал од човекот и не го препуштил на тешките последици што произлегле од неговата неразумна непослушност. Уште пред да падне човекот во грев, Бог во својата љубов создал план за негово спасение. Неговата љубов кон паднатиот човек била толку голема, што се согласил да го даде својот единороден Син „за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен„ (Јован 3,16).

БОЖЈИОТ ПЛАН ЗА СПАСЕНИЕ НА ЧОВЕКОТ

1.Кога Бог создал план за спасение на човекот и кој е извршител на тој план?

„И му се поклонија сите жители земни, чии имиња не се запишани во книгата на животот при Агнецот, заклан од созданието на светот„ (Отк. 13,8; 1.Петр.1,19.20). „Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус, Кој. Се даде Себеси како откуп за сите„ (1.Тим.2,5.6).

Божјиот Син,Христос, се сожалил над паднатиот човек. Неговото срце, полно со љубов и милост, било трогнато со страдањето и со несреќата на паднатото човештво што ги видел однапред. Божјиот престапен Закон барал смрт за грешникот. Во целата вселена постоело само едно Суштество кое можело наместо човекот да го задоволи барањето на Законот. Бидејќи Божјиот закон е свет како и Бог, само едно Суштество, еднакво со Бога, можело да ја задоволи правдата на прекршениот Закон.Само Христос можел да го откупи паднатиот човек од проклетството на Законот и повторно да го поврзе со Бога.

2.Кога Бог првпат им го открил на нашите прародители својот план за спасение на човечкиот род?

„И ставам непријателство меѓу тебе ижената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата„ (1.Мој.3,15).

За нашите прародители овие зборови биле мелем за нивните ранети срца. Тие сфатиле дека ќе се роди Откупител како потомок на жената кој ќе им го врати рајот, загубената власт и вечната среќа.

3.На кој уште начин Бог подоцна го открил и го дополнил ветувањето за доаѓањето на Откупителот?

Првобитното ветување за доаѓањето на ветениот Спасител Бог подоцна се повеќе го дополнувал. Тоа го правел со помош на систем на жртви што го воспоставил во крилото на својот народ, со помош на симболи и пророштва за идниот Месија.

Бог лично ја принел првата жртва за да ги облече нашите прародители во облека од кожа (Мој.3,21). Јагнето што го заклал Бог за да ги облече нашите прародители пред да ги истера од рајот било слика на Исуса Христа, невиното Јагне, кој ќе ги земе на себенашите гревови и ќе умре наместо нас за ние да живееме.

Верните луѓе во старо време по Божја наредба принесувале крвни жртви (Мој.4,4; 8,20;22,13). Тие подигнале жртвеници на кои жртвувале јагне кое го преставувалоневиниот Божји Син кој еден ден ќе умре за грешниот човек. Со помош на жртвите Бог ги учел луѓето дека „без пролевање на крв нема проштавање„ (Евре. 9,22).

Преку пророци Бог кај народот ја одржувал надежта во доаѓањето на ветениот Спасител и преку нив објавил многу подробности за ветениот Месија. Преку Михеја објавил декаМесија ќе се роди во Витлеем (Михеј 5,1), преку Данило го објавил точното време на службата на Месија и на Неговата смрт (Данило 9,23-27), преку Захарија го објавил неговото триумфално влегување во Ерусалим (Зах. 9,9), а преку пророк Исаија, кој се нарекува евангелист на Стариот завет, ни е даден точниот опис на Христовиот живот, на Неговата мисија и на Неговата смрт (Исаија 7,44; 9,6; 91,1; 53,1-8). Сето ова е објавено повеќе стотици години пред да се роди Спасителот.

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

1.Што се случило кога дошло време да се оствари планот на спасението?

„Но, кога се исполни времето, Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот„ (Гал. 4,4).

2.Дали Христос постоел и пред да се роди во тело?

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше во Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Се стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот„(Јован 1,1-3.14).

Христос постоел уште пред да биде создадена нашата Земја (Јован 17,5). Тој создал се па и човекот (Јован 1,1-3.14).Христос во рајот разговарал со Адам и со Ева. Тој им го дал она прво ветување за спасение во 1.Мој. 3,15 пред Бог да ги истера од рајот. Патријарсите во старо време не разговарале со Отецот, туку со Синот (Христа) (Јован 1,18; 8,55-59). Христос разговарал и со Мојсеја 40 дена на Синајската гора. Тој му зборувал на израелскиот народ од врвот на Синај. Тој со свој прст ги напишал Десетте заповеди на две камени плочи; Тој го спровел Божјиот народ низ Црвеното море и го водел низ пустината (1.Кор. 10,4). Христовиот Дух ни зборува преку пророците, а подоцна и преку апостолите (1.Петрово 1,10.11).

3.Зошто Христос дошол на нашиот свет?

„Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното„ (Лука 19,10; Евр.2,14.15).

4.Како ја остварил Христос оваа своја мисија?

„Знаејќи дека со пропадливото сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши, туку со скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне – Христос„ (1.Петрово 1,18.19; Јован 1,29; 2.Кор.5,21; Фил. 2,8).

Со Христа се постапувало онака како што сме заслужиле ние да се постапува со нас. Тој бил осуден за нашите гревови во кои немал удел, за ние да се оправдаме со неговата правда во која не сме имале удел. Тој ја поднел смртта што сме ја заслужиле ние за ние да го добиеме животот кој е во него. „Со Неговата рана ние се исцеливме„(Исаија 53,5).

5.Што значи Христовата смрт за човекот?

Не избави од власта на темнината и не воведе во царството на Својот возљубен Син, во кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите„ (Кол.1,13.14).„Кој Се даде самиот Себе за нас, за да не избави од секакво беззаконие и да не очисти, та да му бидеме народ избран, ревностен кон добри дела„ (Тит.2,14; Кол. 1,19.20; ефес. 2,4-6.10-13).

Исус умрел за со својата на крстот да не помири нас со небесниот Отец (Рим.5,10) и во Неговата крв да добиеме проштавање на гревот (Рим.3,23-26).

6.Што значела Христовата смрт за сатаната?

„>Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот.Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски„ ( 1.Јов. 3,8).

Со својата смрт Христос го победил сатаната. Кога Исус на крстот кажал: Се сврши! на сатаната му одѕвонило посмртното ѕвоно. Тогаш големата борба меѓу Христа и сатанатае решена во Христова полза и осигурано е конечно уништување на гревот и сатаната.

7.Дали има некој друг кој би можел да не спаси?

„Зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме„ (Дела 4,12).

НАШИОТ УДЕЛ ВО ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

1.Дали сите луѓе на Земјата ќе се спасат со Христовата смрт?

„Па, откако ги изведе надвор, рече: Господари, што треба да направам, па да се спасам? А тие му одговорија: Поверувај во Господа Исуса Христа, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом„ (Дела 16,30.31).

Бидејќи Христос еднаш го завршил спасението, потребно е луѓето да го прифатат поединечно. Христијанството нема само историска, туку и практична вредност. Спасението станува стварност само за оние што ќе го прифатат со вера.

2.Кога ќе настапи потполно остварување на спасението?

Така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев за оние што Го очекуваат за спасение„ (Евреите 9,28).

Спасението целосно ќе се оствари во денот на повторното Христово доаѓање. Сега христијаните уште живеат со надеж дека Господ ќе го исполни своето ветување. Таа надеж е котва во нашата душа во овој разбранет свет. Тоа е жива надеж што нема да не измами.

3.Кој повик му упатува Христос на секој човек?

„Дојдете при мене сите изморени и обременети И Јас ќе ве успокојам„ (Матеј 11,28).

Христос ги повикува сите луѓе да го прифатат спасението што Тој веќе го извојувал и сега ни го нуди ако дојдеме кај Него. Со непослушноста човекот го загубил вечниот живот и Божјата слава. Само со вера и со послушност може тоа да го поврати; затоа да дојдеме кај Христа!