Текстови

РАЦЕ НА МОЛИТВА

Во XV век во едно мало село во близина на Нирнберг, живееше семејство со осумнаесет деца. Со цел да заработи единствено за храна за оваа семејство, таткото и воедно главата на домаќинството, златар по професија, работел речиси 18 часа на ден во својата работилница. И покрај навидум безизлезната ситуација двајца од неговите синови имаа сон. Двајцата сакаа да го остварат својот сон и да станат успешни уметници, но знаеја многу добро дека нивниот татко нема финасиски средства да ги испрати и двајцата во Нирнберг да студираат на Академијата. После многу дискусии и преговарања во текот на ноќта во нивниот преполн кревет, овие момчиња склучиле договор, да фрлаат паричка. Губитникот ќе замине да работи во рудниците кои се наоѓале во близина и со својата заработувачка ќе го издржува својот брат додека студира на Академијата. Братот кој ќе победи и ќе замине да студира откако ќе ги заврше студиите за четири години, ќе го издржува другиот брат додека тој се запише и го заврши студирањето. Тоа ќе го направи или со средствата од продажбата на своите дела, или ако е неопходно со работа во рудниците. Албрехт Дурер победи на оваа игра и замина за Нирнберг. Алберт замина во рудниците, на доста опасна работа и четири години го финасираше својот брат, чија работа и дела на академијата речиси веднаш постанаа сензација. Делата на Албрехт, неговите гравури, дрворези, и неговите масла на платно беа многу подобри од оние на голем број од неговите професори и затоа за времето додека да заврши, тој започнал да заработува значителни хонорари од неговите дела. Кога овој млад уметник се вратил во своето село семејството Дурер организирало свечена вечера во нивната градина за да го прослават триумфалното враќање на Албрехт.

После оваа незаборавна средба исполнета со смеа и музика, Албрехт станал од неговото почесно место на чело на масата и предложил здравица за неговиот сакан брат и годините на жртвување кои му овозможиле на Албрехт да ги оствари своите амбиции. Неговите завршни зборови биле: „И сега Алберт, благословен мој брате, сега е редот на тебе. Сега можеш да одиш во Нирнберг и да го следиш својот сон, јас ќе се погрижам за тебе“. Сите глави се свртиле кон Алберт кој седел на другиот крај од масата со желни очекувања за неговиот одговор. На бледото лице на Алберт почнале да паѓаат солзи, тресејќи ја неговата наведната глава и со плачење повторуваше: Не…не…не….не.

Конечно Алберт стана, ги избриша солзите од неговите образи, погледна кон другиот крај на масата, кон лицата на оние кои ги сакаше, и потоа држејќи ги своите раце блиску до неговиот десен образ, рече тивко: „Не брате, не можам да одам во Нирнберг, за мене е веќе предоцна. Погледни, погледни што четирите години во рудникот им направија на моите раце. Коските на секој прст беа згмечени најмалку еднаш, и во последно време страдам од артритис на мојата десна рака што дури не можам да ја држам чашата за да вратам на твојата здравицата, а уште помалку да цртам деликатни линии на пергамент или да држам пенкало или четка. Не брате….за мене е предоцна“.

Поминаа повеќе од 450 години. До сега стотици маестрални дела на Албрехт Дурер, портрети, акварели, дрворези се наоѓаат во сите поголеми музеи во светот. Но најголемиот дел од луѓето се запознаени само со една негово дело. Еден ден за да му оддаде почит на Алберт за сето она што го жртвувал Албрехт внимателно ги наслика измачените раце на својот брат, склопените дланки кои се насочени кон небото. Оваа маестрално дело го нарекол едноставно „Раце“, но целиот свет веднаш ги отворија своите срца за оваа ремек дело и го преименуваа неговото признание како „Раце на молитва“ (Praying hands).