Текстови

Божјиот првобитен план за бракот

Божјиот првобитен план за бракот бил, мажот и жената да живеат заедно во совршена хармонија. Пред да настапи гревот, Бог бил водач во домот. Во своето совршено опкружување, Адам и Ева доброволно се покориле на Бог како природен учесник во секојдневниот живот.

Многу луѓе погрешно го толкуваат извештајот за првиот брак во 1ва Мојсеева. Оние кои површно ја читаат 1ва Мојсеева или само слушаат што другите зборуваат, а не ги проучиле фактите, заклучуваат дека Бог го поставил Адам како водач во домот. Но, не било така во првобитниот план. Улогата на Ева како “соодветна на нему“ (1ва Мојсеева 2:18) не била помалку важна од улогата на Адам. Преземањето на различни улоги не значело инфериорност ни неспособност во тоа време, па не треба ниту денес.

Како резултат од гревот на мажот, жената и змијата кои учествувале во првата непослушност кон Бога изречено е проклетство. Мажот треба да работи со пот на своето лице (1ва Мојсеева 3:17-19), жената требала да пати при раѓањето на децата, а нејзиниот маж требало да владее над неа (16 стих). Змијата требала да се влече на својот стомак и еден ден да ја претрпи конечната смртна рана (стих 14, 15).

Бог ги створил мажот и жената за да се дополнуваат. Баш како што успешната компанија зависи од способноста на секој работник да исполни определена задача за да се произведе најдоброто што може, така е и бракот во меѓусебна зависност. Мажот и жената зависат еден од друг. Иако нивните одговорности и улоги се различни, сепак, тие се еднакви по важност бидејќи и двајцата се неопходни за добробит на здравото општество.

Библијата содржи неколку важни стихови кои го именуваат мажот како поглавар или водач на домот. Еден клучен стих се наоѓа во Ефесјаните 5: 23-25 “Зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата,… Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа…“ Бидејќи многу малку мажи ќе бидат повикани да умрат за своите жени, што овие стихови всушност значат? Тие даваат духовен, побожен квалитет на улогата од мажот. Тие исто така нагласуваат дека мажите треба да им бидат на своите жени она што е Христос на Црквата.

Сеопфатното управување со домот паѓа на товар на мажот. Еве што буквално значи маж – машка глава во домот, оној кој управува или раководи со домаќинството. Мажот е заштитник на сите добра во домот.