Текстови

Христовата служба во небесното светилиште

И во Стариот и во Новиот завет Светилиштето е опишано како место во кое живее Бог. Понекогаш со тоа се мислело на земното, а понекогаш на небесното Светилиште. Псалмистот напишал: за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи синовите од смртта (Псалм 102, 20). Авакум додава: Господ е во својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово! (Авакум 2,20).

И во Новиот завет неколку пати се споменува Светилиштето на небото. Посланието до Евреите го нарекува вистинска скинија (Евреите 8,2) и подобра и посовршена скинија (Евреите 9,11). Исус е опишан како служи во него како Првосвештеник (Евреите 8,1.2). Во видението Јован гледал ковач, златен олтар и кадилница во небесниот храм (Отк. 11,19; 8,3-5). Тој исто така гледа суштества што му служат на Бога во храмот (Отк. 7,15) ангели што излегуваат од храмот и чад што го исполнува храмот (Отк.14,15; 15,5-8). Во една подоцнежна сцена слуша „силен глас во црквата„ (Отк. 16,1,17).

За подобро да го разбереме небесното Светилиште и службата што ја врши Исус во него како наш Првосвештеник, Треба да го проучиме земното Светилиште кое го направил Мојсеј според планот што му го покажал Бог (2.Мој.25,8,9,40). Небесното Светилиште во се е над земното; тоа е подобра и посовршена скинија ( Евреите 9,8-11). На ист начин Христовата служба во секој поглед е над службата на земните свештеници. Посланието до Евреите тој факт постојано го нагласува. Меѓутоа, судејќи по се, општиот план за двете овие Светилишта е ист, и службите во земното Светилиште треба да ги откриваат основните вистини за небесното Светилиште.

Во старо време свештениците вршеле посредничка служба во Светињата секој ден во текот на годината, но при крајот на годината, на Денот на помирувањето, првосвештеникот влегувал во Светињата над светињите да ја изврши завршната фаза на годишната служба (3.Мој.16). Внимателното проучување на Книгата на пророкот Данило 8.и 9. глава им открива дека во 1844 година Христос ја почнал завршната фаза на својата служба во небесниот храм- фазата што одговара на земниот Ден на помирување. Во видението едно небесно суштество му кажало на пророкот Данило: И ми рече: „ две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти. (Данило 8,14). Сметајќи дека периодот од 2300 денови и ноќи почнува истовремено со 70 седмици (Данило 9), зборот одредено во Данило 9,24 упатува на фактот дека 70 седмици треба да бидат „отсечени„ од еден подолг период. Почетната точка би била „заповед Ерусалим пак да се изгради„ (Данило 9,25). Датумот на издавањето на тој декрет што го издал царот Артаксерс историски е утврден како 457 година пред Христа. Служејќи се со начелото на толкувањето на пророштавта дека еден ден е една година (Езекил 4,6), 2300 денови и ноќи допираат до 1844 година по Христа.

Библијата не дава поподробно објаснување за делото што требало да почне на небото во 1844 година, но, проучувајќи го чистењето на земното Светилиште, ние знаеме дека цел на чистењето била Светилиштето да се врати во својата првобитна света и чиста состојба (Данило 8,14) – Со други зборови, Од него да се отстранат трагите на гревот што се напластиле во текот на годината додека свештениците прскале со крв пред завесата. Вистинската состпјба на Светилиштето е состојба без дамки и грев, зашто на Денот на чистењето Светилиштето било очистено со отстранувањето на сите дамки на гревот, на сите записи за гревот. Значи, употребувајќи го симболот Ден на очистување, писателот на посланието до Евреите изјавува дека било неопходно „сликите на небесните стварности да се чистат вака„ , Што значи дека земното Светилиште се чисти со крв на животински жртви, но дека „небесните стварности„ се чистат со подобри жртви од овие (Евреите 9,23), што очигледно упатува на Христовата смрт на крстот.

Древниот Ден на очистување, денот кога Светилиштето било чистено, бил најсвечен ден во годината, зашто тоа за Евреите били суден ден. Тој ден луѓето морале да се воздржуваат од секоја работа и да ги мачат своите души. Оние што не би правеле така, би биле отстранети од друштвото Израелово (3.Мој. 23,27-32).

Бидејќи службата што ја вршеле земните свештеници била „слика и сенка на небесните стварности„ сосема е на место ако се заклучи дека вистинскиот Првосвештеник, Исус, пред да го заврши своето дело на небото за покајаните грешници и пред да се врати во второто доаѓање да ги земе на небото оние што му се верни, ќе го почисти небесното Светилиште, отстранувајќи ги од небесните книги записите за нивните гревови. Ова дело, што го вклучува одвојувањето на вистинските Христови следбеници од оние што тоа се само по име и по форма, понекогаш се нарекуваат истражно судење или истражен суд. Тој термин не се наоѓа во Библијата, но споменати се сите елементи на таквото судење – имињата на бранителите, книгите на извештаите, Судујата, ангелите помошници, пресудата итн. (Види Данило 7,9.10; 2.Мој.32,32.33; Отк.3,5; 20,12.15; 22,19.11.12; Филбјаните 4,3). Ова дело на судот мора да заврши пред Исус да се врати на Земјата, зашто Тој доаѓа да донесе плата за она што го сториле луѓето (Отк. 22,12; Рим. 2,5-11).

Бидејќи чистењето на небесното Светилиште го вклучува и делото на судот, а според Данило 8,14 чистењето требало да почне при крајот на 2300 денови и ноќи, веста што ја објавува вториот ангел од Откровението 14. глава има посебна важност за нашите денови: Тој зборуваше со висок глас, бојте се од Богаи подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд и поклонете Му се на Оној, Кој го создал Небото и Земјата, морето и водните извори. (Отк. 14,7). Свеченоста на ова време на судот никогаш не може доволно да се нагласи, зашто кога небесниот суд ќе го заврши своето дело, Исус ќе дојде и ќе ги земе со себе на небото сите оние „што ги држат Божјите заповеди и имаат вера Исусова„ (Отк. 14,12).

Доктрината за небесното Светилиште преставува темелен камен на христијанската вера. Таа го издигнува живиот Христос како наш Првосвештеник и Застапник. Таа објаснува дека Божјиот закон на Десетте заповеди е мерило според кое судот ќе го проценува карактерот на луѓето. Таа открива дека овој историски период е свечен и единствен. Таа покажува дека Бог истовремено е праведен и милостив во сите постапки кон создадените суштества и во своето решавање на проблемот на гревот. Токму поради делото што се врши во небесното Светилиште ќе биде отстрането секое сомневање, секое прашање во врска со Бога и со неговото постапување кон сатаната, и затоа спасените ќе се соединат пеејќи ја славната химна: „и ја пееја песната на Мојсеја, божјиот слуга, и песната на Агнецот, велејќи: Големи и чудни се делата Твои, Господи Боже Седржителу! Праведни и вистинити се Твоите патишта Цару на светиите (Отк.15,3).