Текстови

БОГ СИНОТ

Во средиштето на христијанската религија се наоѓа Исус Христос. Освен тоа што прифаќа и низа други темелни верувања, во најдлабока суштина нашата религија пред се и над се е посветена на Една личност: Исус Христос. Исто важи и за христијанската радосна вест: Евангелието зборува за настаните во чие средиште е Исус Христос. Христијанството не се сведува само на некоја древна заедница на верници. Тоа е вкоренето во Исуса од Назарет. Христијанството е Христос.

НО КОЈ Е ТОЈ?

Нашата надеж во спасение се темели единствено на Исуса. Името, според кое е познат Божји Син – ја одразува неговата улога во планот на спасението,  улогата што му е доделена уште од создавањето на светот. Тој се родил на овој свет во вид на човек (Евреите 1,5.6). Пред своето овоплотување постоел како Бог во во најпотполна и највисока смисла на зборот од вечноста. Тој е Бог по својата природа, по својата сила, по својот авторитет (Јован 1,1.2; 17,5.24; Филиб.2,6)

Христос е Творец на се (Јован 1,3; Колос. 1,16.17; Евреите 1,2). Бидејќи Адам и Ева згрешиле, Христос е во постојан и тесен допир со овој свет. Тој бил онаа личност на Божеството која се откажала од себе, Тој зеде обличје на слуга и станал послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст ( Филиб. 2,7.8). Преку Него на грешните суштества им се открил Божјиот карактер, преку Него се извршило делото на спасението на човекот и преку Него ќе му се суди на светот (Јован 5,25-29).

Од вечноста на вистинскиот Бог,  Христос, станал вистински и целосен човек. Стотици години пред да се роди, преткажале дека ќе го роди девица во место кое се вика Витлеем (Исаија7,14; Михеј 5,2). Овоплотен со Светиот Дух, се родил како син на девојката Марија и пораснал во Галилејското планинско село Назарет.

Ви текот на својот живот на Земјата Исус живеел како човечко суштество и се соочил со сите искушенија како човек, никогаш не згрешил, покажувајќи ја со својот беспрекорен пример Божјата праведност и љубов, давајќи ни совршен пример на карактер како треба да живееме (Евреите 2,16-18; 1 Петрово 2,21-22).

Христос живеел едноставно и несебично. како дете, младич и човек, Тој помагал во дрводелската работилница во Назарет, секогаш љубезен и заинтересиран за доброто на другите. Кога имал околу триесет години (Лука 3,23), Јован Крстителот го крстил со нуркање во реката Јордан (Матеј 3,13-17). Не бил крстен за да се исчисти од гревовите, зошто Тој никогаш не згрешил, туку да се исполни секоја правда (Матеј 3,15).Крштевајќи се, Тој се изедначил со грешниците, правејќи го она што треба да го правиме ние, поаѓајќи по патеката по која треба да појдеме ние.

Кога Исус се крстил, Светиот Дух слегол врз Него во видлив облик како гулаб, а гласот на Бога ги изговорил зборовите: И ете, глас од небесата говореше: Овој е Мојот Возљубен Син, Кој е по Мојата Волја! (Матеј 3,17). Потоа Исус поминал околу три години во несебична служба на луѓето, трудејќи се да им ја објави евангелската вест на богатите и на сиромасите, на Евреите и на незнабошците.

Со своите чуда, со чудата на исцелување и дури со воскреснување на мртви, Исус ја покажал божествената сила и нежна грижа и бил потврден како ветениот Месија.

Неговите учења биле ненадминати по својата едноставност, привлечност и сила да ги менуваат срцата и животот. Дури и службениците, пратени да го фатат, биле немоќни да го сторат тоа, вчудовидени со силата и разумноста на неговото учење. Кога ги повикале да им објаснат зошто не го довеле, можеле само да кажат: Никогаш човек не зборувал така како овој Човек! (Јован 7,46).

Пред да бидат поставени темелите на земјата, Божеството приготвило план за делување во случај на неа да се појави грев (Ефес. 1,4). Со Христовата смрт оние што ќе го прифатат ќе станат Божји деца и наследници на вечниот живот (ЈОван 3,16; 1Јован.5,11.12). Кога Исус бил приготвен да ја почне својата служба, Јован Крстителот укажал на него како на Јагне Божје кое ги зена на себе грвовите на светот (Јован1,29). Исус ја зафршил својата несебична служба со најголема жртва – го положил својот живот со цел на човечките суштества да им го отвори патот на спасението од гревот и од неговите последици.

Исус доброволно страдал и умрел на крст на Голгота поради нашите гревови наместо нас. Но смртта и гробот не можеле да го задржат Творецот на светот. Тој воскреснал од мртвите и се вознел на небото откако неколкупати им се покажал на учениците и им дал налог да го продолжат евангелското дело што самиот Тој го почнал во текот на својата кратка земна служба. Тој не ги напуштил ниту ги заборавил своите следбеници на Земјата кога се вознел на небото, туку презел нова служба за нас во Светилиштето на небото- служба на посредување и на приготвување на својот народ за животот во царството што Тој имал намера да го обнови на земјата. Христос наскоро повторно ќе дојде, ќе се врати на славни облаци со своите свети ангели со цел за секогаш да го избави својот народ и да го обнови она што било уништено со гревот.

Жариште на Библијата е Исус Христос. Тој е средиште на секоја точка на верувањето на адвентистите на седмиот ден. Оти ние преку Него живееме и се движиме, и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: Негов сме род. (Дела 17,28). Љубовта кон Христа не гони да ги извршуваме Неговите Заповеди, да го следиме Неговиот пример, да му го покориме нашиот живот Нему, За Тој да може да живее во нас со својот Свети Дух.