Текстови

КОГА ЈА ПОСМАТРАМЕ МЕСЕЧИНАТА

Кога човекот зачекори на Месечината, неговите први зборови ги запамети целиот свет. Космонаутот Армстронг тогаш рече: „Оваа е малечок чекор за човекот, но џиновски за човештвото„. Одненадеж човекот со џиновски чекор зачекори во ѕвездените простори. Научниците тие денови имаа многу да кажат за летот на Месечината од научна гледна точка. Во часот на оваа голема победа на човечкиот ум и на најголемото остварување на човечкиот дух, нагласок е ставен врз човечката генијалност. Иако Бог го создал човекот и сите негови способности, човечката генијалност е пренагласена, а Божјето величество занемарено.

Па сепак, интересен е податокот што некои од оние што директно учествуваа во истоварувањето на Месечината му дадоа слава на Бога. Никогаш нема да биде заборавено читањето на првата глава од книгата на создавањето. Цела Земја го слушаше гласот на космонаутот додека бродот испловуваше од мракот на невидливата страна на Месечината. Еден друг член на екипажот кој стапи на Месечината ги читаше овие зборови од осмиот Псалм: „Господе, Господе наш! Колку е величествено името Твое по сета Земја! Си ја подигнал својата слава повисоко од небесата. Во устата на малечките деца… си создал себеси фалба наспроти твоите непријатели, за да го замолкнеш непријателот, злосторникот. Кога ќе ги погледнам Твоите небеса, делото на Твоите прсти, Месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти – па што е човекот та да го споменуваш или синот човечки та да го погледнеш?„ (Псалм 8,1-4).

По веста за успешното стапнување на првиот човек на Месечевата површина, мајка му на космонаутот му ја изрази својата благодарност на Бога со зборовите: „Фала на Бога од кого доаѓаат сите благослови!„

Создавањето на Месечината е опишано во првата глава од книгата на создавањето: „Потоа рече Бог: Нека бидат видела на небесниот свод да го делат денот од ноќта, да бидат знаци на времињата, на деновите и на годините; нека светлат на небесниот свод и нека ја осветлуваат Земјата! И бидна така. И создаде Бог две големи видела: Видело поголемо да управува со денот, и видело помалечко да управува со ноќта, и ѕвезди (1Мој.1,14-16).

Месечината ја открива славата на својот Творец. Таа му припаѓа на Бога. Тоа е голем основен факт на најраното откровение во Библијата. Месечината, како и не броените увезди, се доказ за постоењето на Бога. Вселената е тука, затоа и Бог мора да биде тука. Сите небесни тела нечујно брзаат над нашите глави избалансирани со неверојатна прецизност.

Убавината на Месечината во сите нејзини мени е пословична. Посматрајчи ја Месечината древните народи го заборавиле нејзиниот Творец. Почнале да и се клањаат на Месечината и на сета небесна војска. Уште на почетокот на Библијата Бог преку Мојсеја го опоменал својот народ: Кога ќе ги подигнеш очите кон небото и кога ќе ги видиш Сонцето, Месечината и ѕвездите – сета небесна војска – немој да се измамиш да им се клањаш и да им служиш, зашто нив Твојот Господ Бог им ги даде на сите народи под небото (5.Мој.4,19). Со овој текст е решено и прашањето на правата на користење на Месечината и потврдена нејзината законита припадност на Бога.

Познатиот човек од Уз, Јов, рекол на едно место: Ако сум го гледал Сонцето како свети и Месечината како горделиво патува по небото и ако срцето мое потајно се измамило и им испратило бакнеж – тоа би било грев што вапи за суд, зашто би се откажал од севишниот Бог (Книгата на Јов 31,26-28).Со други зборови, во времето на Јов незнабошците ја обожавале Месечината испраќајќи свои бакнежи кон неа. Токму ваквото обожавање на небесните тела Бог го забранил со своја изрична заповед. И за нас би било добро да се сетиме на следните зборови во прилог на обожавањето на Бога а не на човекот: Туку припомни си за својот Господ Бог, зашто Тој ти дава сила да стекнуваш богатство… „ (5.Мој.8,18).

Месечината на овој или оној начин во Библијата се спомнува околу педесет пати. Овој сјаен принц на вечерното небо може да се види дури и дење. Како дел на Сончевиот систем и придружник на Земјата, Месечината е приврзана за нашата планета со нераскинлива врска. Таа се свртува околу Земјата отприлика за еден месец, одејќи од запад кон исток. Ако ја посматраме почнувајќи од млада Месечина, ќе видиме дека таа секоја ноќ е малку поналево или поисточно отколку што била претходната вечер.

Кога Месечината во своето движење на патеката околу Земјата ќе изврши полно обиколување, Земјата зазема друга положба на својата патека околу Сонцето. Поради тоа доаѓа до измена на односот на Месечината, Земјата и Сонцето. За да се воспостави истиот однос како во мигот на почнувањето на обиколувањето на Месечината околу Земјата, Месечината треба да патува два дена подолго. Овој временски распон во движењето на Месечината се нарекува синодичка револуција и изнесува 29 дена, 12 часови, 44 минути и 3 секунди. Природно, ова не мораме да го паметиме! Да уживаме додека ја гледаме Месечината и да мислиме на денот кога при Христовото второ доаѓање и самите ние ќе бидеме земени на облаците во пресрет на Господа на небото (1.Сол. 4,17).

Месечината се врти околу својата оска така што таа секогаш не гледа само со едната своја страна. Секоја точка на Месечината има две седмици ден а две седмици ноќ. Бидејќи Месечевата тежа е недоволна да го задржи воздухот на нејзината површина, таа нема воздушна обвивка и не е чудо што на Месечината е толку студено во текот на нејзината двоседмична ноќ а толку топло за време на двоседмичниот ден!

Иако човекот пренесуваше телевизиски слики од Месечината на Земјата и остави траги од своите стапки на неа, сепак тоа супернаучно достигање во ништо не се коси со она што го зборува Библијата. Додека Земјата е создадена за да се „живее„ на неа (Исаија 45,18). за Месечината Библијата зажува дека е создадена за да је освтлува Земјата (1.Мој.1,15). Месечината тоа и го прави.

Кога ја посматраме Месечината, како што го правел тоа псалмистот, добро би било првин на Бога да му дадеме слава за човечкиот лен на Месечината и дури потоа да му оддадеме признание и на човекот. Разумот и самиот живот сме го добиле од Бога. Нему му должиме за секое отчукување на нашето срце. Нашите способности треба да ги користиме да го прославиме нашиот Творец. Само тогаш Бог може да не благослови.

Скокот до Месечината беше епохален настан во историјата на човештвото, но сепак, не треба да заборавиме дека не беше најголем настан по создавањето на светот. Најголем настан не е заминувањето на човекот на Месечината, туку слегувањето на Христа на Земјата. Од највисоките небесни висини Тој се спуштил како новородено дете во Витлеемските јасли. Тој настан, како и крстот на Голгота, ја преставуваат највисоката точка на човечката историја. Христос е Господ кој дава Сонцето да свети дење, а Месечината и ѕвездите да светат ноќе (Еремија 31,35). Нему „ништо не му е…тешко„ (32,17). Ако го побараме, Тој ќе дозволи да го најдеме!