Текстови

Секогаш имај Надеж

Џени Хериксон во осумнаесеттата година од својот живот била прогласена за најдобар атлетичар во својата школа. Меѓутоа една недела драстично се се променило. Џени и нејзината сестра во недела отишле на плажа. Тие решиле да скокаат во езерото од некоја висока карпа. Џени скокнала прва но не приметила дека водата е плитка. Во обидот да нурне под водата, ја удрила главата во подводна карпа и се онесвестила.

Нејзината сестра ја извлекла од водата, но, Џени не се освестила. Сестра и повикала полиција и Џени била однесена во болница во која поминала цели две години. Останала потполно неподвижна. Меѓутоа, Џени не и се препуштила на безнадежноста, му се молела на Бога да и покаже што би можела да работи во такви животни услови.

Со големо залагање и труд, успеала да ја врти главата во сите правци. За неа тоа бил голем успех. Почнала да се занимава со сликарство и станала уметник за пример. Наместо да ја држи четката во рака, таа ја држела во забите. Длабоко е благодарна на Бога за овој дар и можност, иако се наоѓа во незавидна состојба, сепак, може да направи нешто корисно за себе и за другите. Џени секоја своја слика ја потпишувала: Џени PTL. PTL значи “Praise the Lord” Славете го Господа.

Џени не му се предала на очајот, туку потполно ги искористила оние мали способности кои и преостанале и Бог ја благословил.И ВО НАЈТЕШКАТА СОСТОЈБА, СЕУШТЕ ИМА НАДЕЖ Никој нека не и се предава на малодушноста и очајот. Сотоната може да дојде со страшен шепот. Твојот пад е безнадежен, нема да можеш да бидеш откупен, но, ВО ХРИСТОС ЗА ТЕБЕ ИМА НАДЕЖ!!!

 

Радица Михаилова