Monday, May 21st

Последно освежување:09:26:07 AM GMT

Ти си тука: Живот Практични совети Мрзеливост

Мрзеливост

Е-пошта Печати PDF

mlzИсусе Ти благодарам  што работата  ми е поклон од Тебе за мене. помогни ми да Те најдам Тебе во неа.
Амин

Мрзливата рака  го осиромашува  човекот  а трудољубивата  го збогатува. Кој собира  лете разумен син е, а кој спие  во жетвата донесува срам.
(Пословици 10:4-5)

Бидете неуморни во  ревноста! Бидете пламени во духот.Служете му на Господа.
(Римјаните 12:11)

Каде што е нашата  работа таму нека биде  нашата среќа.
Tertullian

Душата на мрзливиот  сака но без успех  а ќе се исполни желбата на трудољубивите.
(Пословици 13:4)

Земјоделецот кој се труди треба прв да вкуси  од плодовите.
(2Тимотеј 2:6)

Изобилно храна  има  на  нивата на сиромасите а има  и кој  пропаѓа  од неправеден суд.
(Пословици 13:23)

Зошто и кога  бевме со вас  ви го заповедавме  ова :ако некој  не сака да работи  нека и не јаде. Имено слушаме дека некои  меѓу вас  живеат  неуредно, ништо не работат туку се занимаваат со празни  работи . На таквите им заповедаме  и ги опоменуваме во  Господа Исуса Христа да работат  мирно и да  го јадат својот леб.
(2Солунјани 3:10-12)

И да настојувате  усрдно да живеете  тихо да ги  гледате  своите работи и да  работите со своите раце  како што ви наредивме  за да се однесувате  благоприлично кон оние  надворешните  и да немате потреба  од ништо.
(1 Солунјаните 4:11-12)

Поминував покрај  нивата на некој  мрзливец  и покрај  лозјето на некој  безумник и ете се беше зарастено  во коприви , трњето  ја покриле површината  и камената ограда беше разурната . Го видов тоа  и го запазив  во срцето разгледав  и зедов поука . Уште малку  поспи, уште  малку подреми, уште  малку свиткај  ги рацете за починка и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник и немаштијата  какко воруженик.
(Пословици 24:30-34)

Кој ја обработува  својата земја  ќе се  насити со леб а кој трча  по суетите ќе се насити со сиромаштво.
(Пословици 28:19)

Не сакај го спиењето за да не  осиромашиш отвори ги своите очи  и ќе се наситиш со леб.
(Пословици 20:13)

Патот на мрзеливиот е какко  глогово трниште а патеката на праведникот е разгазена.
(Пословици 15:19)

Грижи се внимателно  за својот добиток и грижи се  за стадата.
(Пословици 2:23)

Кој крадел да не краде повеќе! Подобро е  да се труди  и да работи со своите раце  она што е добро за да може да му дава  на оној што има потреба!
(Ефесјаните 4:28)

Замислите на трудољубивиот се стремат кон изобилство а избувливиот  трпи сиромаштво.
(Пословици 21:5)

Трудољубивата рака  ќе владее а безгрижните  ќе одат  кон подложност.
(Пословици 12:24)

Кој ја обработува својата земја  наситен е  со леб а кој трча  по суетата  неразумен е.
(Пословици 12:11)

Тогаш имаш  во изобилство  козјо млеко за своја храна  и за храна  на својот дом  и за исхрана  на своите  прислужнички.
(Пословици 27:27)