Monday, May 21st

Последно освежување:09:26:07 AM GMT

Ти си тука: За нас Адвентизам

Адвентизам

Ellen White, пророк?!! ИЛИ НИЕ НЕКАДЕ ПОГРЕШИВМЕ?...

Е-пошта Печати PDF

Во својата прва книга ,,Early Writings,, од 1851 година Ellen White напиша дека и беше покажано оти Исус ќе дојде многу брзо. Како поминаа 158 години од тогаш, конфузијата и несигурноста што јасно се гледаат во Adventist Review од 2 јануари, 1992 година посветен на Христовото второ доаѓање, го заменија ентузијазмот на нашите адвентни пионири. Зарем тогаш е чудно што, тогаш според официјалните проценки 70% од нашите младинци ја напуштиле црквата.

Самата Ellen White се соочи со овој проблем во 1883 година: Објавата што ја дадов и во ,,Experience and Views,, 1851 година, се користи за да се докаже дека моето сведоштво е лажно:  Видов дека времето на Исусовиот престој во Светињата над Светињите е пред крај и дека може да се продолжи уште многу малку,,.

Повеќе...

РЕЦЕПТ ЗА ПОДОЛГ ЖИВОТ

Е-пошта Печати PDF

Групата  луѓе која им оставила најдлабок впечаток на научниците и истражувачите се членовите на Христијанската црква на адвентистите на седмиот ден. Распространети се на 208 земји во светот.

Повеќе...

Адвентистите и нивниот живот

Е-пошта Печати PDF

Адвентистичката црква се појавува на сцена прикажана преку библиските пророштва за да ги исполни Исусовите зборови; Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал. (Матеј 28,19) Преку сите претходни векови Бог делувал врз луѓето откривајќи им ја вистината се повеќе и повеќе. Оние кои ги отворија своите срца го прифатија за свој Спасител, а Неговите зборови за свој начин на живеење.

Христовата наука прифатена од адвентистите:

Второто Христово доаѓање  е надеж на црквата, како што кажува Божјата книга,на многу места на своите свети страници од почеток до крај. Латинскиот збор адвентус значи доаѓање,а адвентист е оној кој го очекува второто скорашно Христово доаѓање. Тогаш Христос ќе му стави крај на гревот на нашата земја и ќе создаде ново небо и нова земја каде што живее правда.Денот и часот на неговото доаѓање не може да го одреди никој, според Христовите зборови,денес секој може да знае „дека е близу пред врата, и цел свет треба да обрне внимание на знаците кои повикуваат на подготовка за тој величенствен настан.На второто Христово доаѓање му предходи суд на небото.

Светото Писмо-Стариот и Новиот завет (Библијата) е единствен авторитет на Христијанското учење и единствено мерило на верата која еднаш засекогаш им е предадена на светите. Изворната мисла на Библија-та стигнала до нашите денови неизменета како,реч на живиот Бог кој останува довека.

Повеќе...