Monday, May 21st

Последно освежување:09:26:07 AM GMT

Ти си тука: Теологија Христијански живот Горделивост

Горделивост

Е-пошта Печати PDF

gdtШто и да имам Господи Ти ми го даде. Не можам да си земам заслуга за ништо што имам, тогаш колку смешен сум кога сум исполнет со гордост.
Амин
Гордоста врви пред гибелта и високоумоста пред паѓањето.
(Пословици 16:18)

Тешко им на оние кои  се мудри во сопствените очи и умни само пред себе.
(Исаја 5:21)

Гордоста е вид на задоволство произведено од човек кој имал премногу добро мислење за себеси.
Baruch Spinoza

Виде ли човек кој сам себе  се прави мудар знај и од безумниот  има повеќе надеж, отколку од него.
(Пословици 26:12)

Погледај го  горделивецот  скрши го сотри го  наместо, секој  злосторник.
(Јов 40:12)

Стравот од господа  е омраза кон злото. Јас ги мразам  гордоста, самодостатноста, патот на лошото и уста полна со лаги.
(Пословици 8:13)

И им рече: Вие се претставувате  за праведни пред луѓето но Бог  ги знае вашите срца  зашто она што  меѓу луѓето  се смета за високо пред Бога е гнасно.
(Лука 16:15)

Ти им се закани на гордите, проклети да се оние, што отстапуваат од Твоите заповеди.
(Псалм 119:21)

Кој се фали во господа да се фали. Зашто не е достоен кој самиот се препорачува, туку оној кого Господ го препорачува.
(2Коринтјаните 10:17-18)

нека те фали  друг а не твојата уста туѓинец - а не твоите усни.
(Пословици 27:2)

Издигнати очи и горделиво срце и светилка на нечесните, тоа е грев.
(Пословици  21:4)

Срцето на горделивецот зафаќа препирка  а кој се надева на Господа  ќе напредува. Безумен е кој се надева  на своето срце  а се спасува кој живее  мудро.
(Пословици 28:25-26)

Како можете  да верувате кога  примате слава еден од друг  а не ја барате  славата што  доаѓа од  Единиот Бог?
(Јован 5 :44)

Тој пак седна  ги повика  Дванаесетте и им рече: Кој сака да биде прв  нека биде последен и слуга на сите!
(Марко 9:35)

Гордоста го  понижува човекот  а смирениот  во дух , придобива  чест.
(Пословици 29:23)

Твојот страв  те заведе, гордоста на твоето срце  ти кој  што живееш во камени пештери и се придржуваш за високите планини па виткаш гнездо врз каменливиот  ридски венец  како орлите  оттаму  ќе те симнат - говори Господ.
(Еремија 49:16)

Кој го клевети  скришно својот  ближен него ќе го погубам . Човек  со горди  очи  и со надуено  срце Јас не трпам.
(Псалм 101:5)

Господ го разурнува  домот на гордите а ја поставува  меѓата на  вдовицата.
(Пословици 15:25)