Monday, May 21st

Последно освежување:09:26:07 AM GMT

Мир

Е-пошта Печати PDF

dbmrТи благодарам Боже што ни го даваш Твојот мир нека секогаш живее во моето срце, без разлика каква борба има околу мене.
Амин
И Христовиот мир да владее во вашите срца  за кого сте повикани во едно тело да бидете благодарни!
(Колосјаните 3:15)

Да го послушам  тоа што ми го зборува  Господ Бог: зашто Тој ќе им зборува за мир: на својот народ, на своите  избраници но нека не се свртат пак кон безумие.a
(Псалм 85:8)

Сите мажи посакуваат мир  но само неколку ги посакуваат нештата што го прават мирот.
Thomas A Kempis

И Божјиот мир  што го  надвишува  секој ум ќе ги запази нашите срца  и вашите  мисли во Христа Исуса.
(Филипјаните 4:7)

Твојата вера те  спаси! Оди си со мир!
(Лука 7:50)

Ви оставам мир  ви го давам  Мојот мир. Не ви го давам како  што го дава светот  Нека  не се вознемирува  вашето срце и нека  не се бои.
(Јован 14:27)

Делото на правдата  ќе биде мирот а плодот на праведноста покој  и надеж засекогаш. Мојот народ ќе живее  во мирни  населби  во безгрижни одмаралишта.
(Исаја 32:17-18)

Набљудувај го  чесниот и гледај  го непорочниот , миротворецот  има потомство.
(Псалм  37:37)

А Самиот Господ  на мирот да ви  даде  мир секогаш  и на секаков  начин. Господ  да биде со  сите вас.
(2Солунјаните  3:16)

Ќе ставам пофалба во нивните усни. мир, мир на оној  кој е далеку  и кој е близу зборува Господ  : Јас  ќе те излечам.
(Исаја 57:19)

Господ нека го  сврти Својот поглед  на тебе и нека ти донесе мир.
(Броеви 6:26)

Отстранувај се од злото  и прави добро  барај мир  и врви по него!
(Псалм 34:14)

Ќе склучам со нив завет  на мир  тоа ќе биде  вечен Завет  со нив . Ќе ги утврдам  и ќе ги умножам  и ќе го поставам  Своето  Светилиште меѓу  нив засекогаш.
(Егзекиел 37:26)

А ова треба  да го правите: Зборувајте вистина  еден на друг судете справедливо и мирољубиво  при гратските врати!
(Захарија 8:16)

За да ги осветли  оние кои седат  во темнина  и во смртна сенка, и да ги упати нашите нозе по патот  по пат на мирот.
(Лука 1:79)

Ќе и дадам мир на земјата така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги  отстранам штетните животни од земјата меч нема  да помине  низ вашата земја.
(Левит 26:6)

Господ му дава  сила на својот народ Господ го благословува Својот народ со мир.
(Псалм 28:11)